У.бр.230/2001

Уставниот суд на Република Македонија, врз оснва на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 11 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 26 декември 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 36 точка 4 од Законот за угостителската и туристичката дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/95 и 33/00).

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 36 точка 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение.

3. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 36 точките 1 и 4 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што според оспорената одредба на член 36 точка 1 од Законот, се ограничувало правото на работа, на слободен избор на вработувањето и достапноста на секое работно место под еднакви услови на странците и на лицата без државјанство, што не било во согласност со член 8 став 1 алинеја 1 и 3, член 32 став 1 и 2, член 51 и член 54 став 1 од Уставот.

Оспорената точка 4 на член 36 од Законот, пак, содржела ограничување на правото на работа на осудуваните лица за одделни кривични дела кои како такви не биле утврдени со Кривичниот законик и последицата од осудата настапувала по сила на закон, а не како последица од конкретна казна (забрана) што ја изрекол судот со правосилна судска одлука, што не било во согласност со член 8 став 1 алинеја 1, 3 и 4, член 9, член 13 став 1, член 14 став 1, член 32 став 1 и 2, член 54 став 1 и член 98 став 1 и 2 од Уставот.

4. Судот на седницата утврди дека според член 36 од Законот, туристичкиот водич мора да ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Македонија;1) да има живеалиште на територијата на Република Македонија; 3) да не му е забрането вршење на дејноста на туристички водич со правосилна судска пресуда или со решение за прекршок и 4) да не е осудуван за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги, посредување во вршење на проституција и производство и растурање на порнографски списи.

5. Според член 8 став 1 алинеја 1, 3 и 4 од Уставот, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, вја^еењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.Согласно член 9 од Уставот граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Според член 13 став 1 од Уставот, лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука, а според член 14 став 1 од Уставот, никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдени со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.

Со член 32 став 1 од Уставот се уредува дека секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбедност за време на привременена невработеност, а според став 2 на овој член од Уставот, секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.

Според член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.Согласно член 98 став 1 од Уставот, судската власт ја вршат судовите, а според став 2 од овој член на Уставот, судовите се самостојни и независни и судат врз основа на Уставоти законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Тргнувајќи од содржината на наведените уставни одредби, а имајќи ја предвид содржината на оспорената одредба на член 36 точка 4 од Законот, според која осудуваноста на граѓанинот за одделни кривични дела е ограничувачки фактор лицето да врши дејност на туристички водич, по сила на самиот закон, а не како последица од конкретна казна (забрана) што ја изрекол судот со правосилна судска одлука, според мислењето на Судот, со таквото ограничување се повредува уставниот принцип на претпоставена невиност и принципот на законитост во казнувањето и се ограничува правото на работа.

Имено, правните последици од осудата не можат да настапуваат автоматски по сила на законот, туку дека тоа може да се прави само со правосилна судска одлука, односно дека казнено-правниот однос се исцрпува на релацијата на казнивото дело и судски изречена казна за неговиот сторител и дека натамошни последици од неговото извршување односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не се допуштени, освен ако тоа не е изрично утврдено со Уставот.

Покрај тоа, со оспорената одредба се определуваат кривични дела кои во постојниот кривичен законик ги нема, односно попримиле друга содржина и форма, така што одредбата е практично неприменлива по тој основ.Врз основа на наведеното, пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба на член 36 точка 4 од Законот со напред наведените одредби од Уставот.

6. Положбата на странците во Република Македонија во поглед на остварувањето на слободите и правата гарантирани со Уставот, а од чиј спект се оспорува членот 36 точка 1 од Законот, е утврдена во член 29 од Уставот. Така, тие, согласно став 1 на овој член од Уставот уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори. Тоа, значи дека странците во Република Македонија ги имаат слободите и правата утврдени со Уставот, освен оние кои според Уставот ги имаат само државјаните на Република Македонија, со тоа што условите за нивното остварување е предоставено да се утврдат со закон и меѓународни договори.

Од друга страна, пак, тоа истовремено значи дека законодавецот не е обврзан да пропишува еднакви услови за остварување на одделни слободи и права за граѓаните -државјанина Република Македонија и за странците и на тој начин да ги стави во еднаква, односно рамноправна положба со нив. Ова особено ако се има предвид и уставното начело на еднаквост според кое само граѓаните на Република Македонија, а не и странците, се еднакви пред Уставот и законите и само за нив се однесува забраната на дискриминација во остварувањето на слободите и правата по основите утврдени во член 9 од Уставот.

Оттука, согласно ваквото уставно овластување законодавецот има право и можност со закон правото на вработување во одделни области, или за вршење на одделни дејности, да го условува со државјанството на Република Македонија и на тој начин да го ограничи вработувањето на странците и лицата без државјанство, како што е и во конкретниот случај со оспорената одредба, тие да не можат да бидат туристички водичи.

Ограничувањето на можноста за странец или лице без државјанство да биде туристички водич, произлегува од посебниот карактер на работите што ги врши туристичкиот водич, кој според член 34 од Законот, е лице кое на домашните и странските туристи стручно им ги објаснува природните убавини, реткости, културно-историски споменици, уметничките дела, етнографските и другите знаменитости, како и општественото уредување и економските достигнувања на земјата.

Туристичкиот водич полага посебен стручен испит, а својството на туристички водич го докажува со посебна легитимација. Притоа, барањето на услов туристичкиот водич да биде државјанин на Република Македонија, не значи ограничување на правото на странците и лицата без државјанство да се вработуваат во другите сфери на општественото живеење.

Тргнувајќи од наведеното, а имајќи ја предвид содржината на оспорената одредба на член 36 точка 1 од Законот, според која за туристички водич се бара услов лицето да е државјанин на Република Македонија, според мислењето на Судот, со таа одредба не се повредуваат уставните принципи за правото на работа, на слободен избор на вработувањето и достапноста на секое работно место под еднакви услови, поради што не го постави прашањето за согласноста на таа одредба од Законот со одредбите на Уставот.

7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.6р.230/2001
26 декември 2001 година
С ко п ј е