Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 ноември 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/01).
2. Петре Илиевски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на член 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што не бил во согласност со Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека постапувајќи по предметот У.бр.23/01, У.бр.24/01 и У.бр.48/01, Уставниот суд со Одлука од 21 ноември 2001 година го укинал Законот во кој била содржана оспорената одредба, затоа што оценил дека тој не е во согласност со Уставот.
4. Според член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Тргнувајќи од наведените одредби, а имајќи предвид дека Уставниот суд, со Одлука од 21 ноември 2001 година, го укинал Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во кој беше содржана и оспорената одредба на членот 1 од Законот, што значи за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.174/2001
28 ноември 2001 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов