Вовед
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92) на седницата одржана на 3 октомври 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за депонирање на потпис на овластено лице на жиро сметките на општина Бистрица донесена од Советот на општината на 4 ноември 2000 година.
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за користење на возилото на општина Бистрица, донесен од Советот на општината на 11.12.2000 и 15.12.2000 година и одлуката означена во точката 1 од ова
решение од аспект на нејзината примена.
3. Советот на општина Бистрица на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на одлуките означени во точките 1 и 2 од ова решение. Според наводите од иницијативата
градоначалникот на општината не ги почитувал односно не ги применувал оспорените одлуки донесени од советот на општината. Имено само тој, а не и претседавачот на советот имал депонирано потпис во Заводот за платен промет и исклучиво тој
подигал парични средства од жиро сметката на општината, а исто така тој го користел возилото на општината без налог потпишан од секретарот на општината на кој начин вршел злоупотреба на средствата сопственост на општината. Со оглед на фактот што Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да одлучува за примената на прописите, Судот по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение.
4. Судот на седницата утврди дека во одлуката за депонирање на потпис на овластено лице на жиро сметки на општина Бистрица е предвидено дека со паричните средства на
жиро-сметките на општина Бистрица 40300-630-63 буџет на општина Бистрица и 40300-637-609 совет на општина Бистрицакако овластени потписници се градоначалникот на општина Бистрица Марјан Геровски и претседавачот на советот Кире Гроздановски. Понатаму во одлуката е предвидено дека таа влегува во сила осмиот ден од објавувањето во “Службен гласник на општина Бистрица”.Според член 43 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа градоначалникот на единицата на локалната самоуправа ја претставува и застапува единицата на локалната самоуправа, а според точката 8 од истиот член градоначалникот управува со имотот во согласност со статутот на единицата на локалната самоуправа.Имајќи ги предвид наведените одредби од Законот произлегува дека градоначалникот ја претставува и застапува единицата на локалната самоуправа и управува со имотот на единицата на локалната самоуправа и дека само тој а не покрај него и член на совет да можат да се јават како потписници на жиро сметките на единиците на локалната самоуправа.Ова дотолку повеќе што според член 67 од Законот за локалната самоуправа, советот на единициата на локалната самоуправа должен е да формира надзорен одбор заради вршење надзор над материјално и финансиското работење на единицата на локлната самоуправа, а за резултатот од надзорот се информира Советот на единицата на локалната самоуправа и Министерството за финансии.Со оглед на тоа што во конкретниов случај со одлуката е предвидено дека, покрај градоначалникот како втор потписник на жиро сметките на единицата на локалната самоуправа е предвиден и претседавачот, пред Судот основано се постави прашањето дали со ваквиот начин на уредување на овие прашања не се ограничува извршната власт на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.
5. Во одлуката за користење на возило на општина Бистрица е предвидено дека возилото сопственост на општината, покрај градоначалникот Марјан Ѓеровски можат да го користат и членовите на Советот на општината исклучиво ое патен налог издаден од секретарот на Советот на општината Митре Дејкоски.Советот на општината Бистрица го задолжува секретарот на општината Митар Дејковски да поднесува извештајза потпишувањето на градоначалникот Марјан Геровски и потпишувањето на членовите на Советот на општина Бистрица.Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување, а истата ќе биде објавена во “Службен гласник на општина Бистрица”.По однос на наведената одлука за користење на возилото на општината, Судот смета дека таа е акт на работење на општината односно таа не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 2 од ова решение.
6. Во врска со наводите од иницијативата дека градоначалникот не ги почитува односно не ги применува одлуките на општината согласно член 110 од Уставот на
Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да ја сценува нивната примена и одлучи како во точката 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.49/2001
3 октомври 2001 година
С ко п ј е