Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 јуни 2001 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1. СЕ УКИНУВА член 9 став 1 во делот “решавањето на правата на осигурениците и корисниците на пензија во втор степен” од Статутот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија (” Службен весник на Република Македонија” бр. 50/94, 34/95, 46/99).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по подне-сена иницијатива од Стамен Филипов од Скопје со Решение У.бр.207/2000 од 18 април 2001 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбата од Статутот означена во точката 1 од оваа одлука.
4. Судот на седницата утврди дека според ставот 1 на ч лен 9 од Статутот, Управниот одбор на Фондот формира постојани и повремени комисии и други работни тела за следење на одделни прашања од развојот и спроведувањето на пензи-ското и инвалидското осигурување, решавањето на правата на осигурениците и корисниците на пензија во втор степен и разгледување на прашања од делокругот на Управниот одбор.
На седницата Судот исто така утврди дека со Одлука У.бр.193/97 од 29.04.1998 година го укинал член 47 од Статутот на Фондот, затоа што предвидувал и во втор степен да одлучува ист орган (Комисија на Фондот) што не е во согласност со член 15 од Уставот според кој правото на жалба против првостепените поединечни акти согласно нејзиното деволутивно дејство подра-збира во втор степен да одлучува друг орган од оној што одлучувал во прв степен.
5. Имајќи ја предвид наведената интервентна одлука на Судот, како и одредбите на член 15 од Уставот на Република Македонија и член 141 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигу-рување, според кој против решението донесено во прв степен на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, односно кај работодавецот, осигуреникот, корис-никот на пензија или член на семејството има право на жалба до Комисијата на Владата на Република Македонија, односно кај работодавецот во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, Судот утврди дека надлежноста на Фондот да образува комисија за решавање на правата во втор степен нема основ во наведените уставни и законски одредби, поради што оцени дека и оспорениот дел од член 9 став 1 од Статутот не е во согласност со означените одредби од Уставот и Законот.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја д онесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр. 207/2000
27 јуни 2001 год.
Скопје
л.а
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов