Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 30 мај 2001 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1.СЕ УКИНУВААТ член 1 став 2 точка 2 потточки 2.2.
2.3, 2.4 и ставот 1 од оваа потточка од Законот за изменување на
Законот за угостителската и туристичката дејност (“Службен
весник на Република Македонија” бр.33/2000).
2.СЕ ПОНИШТУВА ставот 2 од потточката 2.4. на член 1 од означениот закон во делот што гласи: “освен ако со деталниот урбанистички план за одделни делови на населени
места поинаку не е определено”.
3.Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
4.Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр.112/2000 од 4 април 2001 година поведе постапка за оценување уставноста на одредбите на Законот означени во точката 1 на оваа одлука затоа што се постави прашањето за
нивната согласност со член 8 алинеја 10 и со член 43 од Уставот
на Република Македонија.
5.Судот на седницата утврди дека според член 1 став 2 точка 2 потточка 2.2. од Законот за изменување на Законот за угостителска и туристичка дејност, угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на објектот, во периодот од 1 јуни до
31 август можат да работат од 07,00 до 02,00 часот, а според потточката 2.З., угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на објектот во деновите петок, сабота, деновите спроти празничните денови и празничните денови можат да работат од 07,00 до 01,00 часот. Според потточката 2.4., исто од член 1 став 2 точка 2 на овој закон, угостителските објекти – ноќен бар, кабаре и дискоклуб, кои не се во состав на угостителските објекти за сместување, можат да работат и тоа: ноќен бар и кабаре од 20,00 до 03,00 часот; а дискоклуб од 18,00 до 01,00 часот.Угостителскиот објект – дискоклуб во деновите петок, сабота, деновите спроти празничните денови и во празничните денови и во периодот од 1 јуни до 31 август може да работат од 18,00 до 02,00 часот. Угостителската дејност во угостителските објекти, ноќен бар, кабаре и дискоклуб не може да се врши во деловна просторија која се наоѓа во колективна стамбена зграда, освен ако со деталниот урбанистички план за одделни делови на населени места поинаку не е определено.
6. Според членот 8 од Уставот на Република Македонија, како темелна вредност на уставниот поредок наРепублика Македонија е утврдено уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата. Оваа темелна вредност нормативно е изразена во членот 43 од Уставот според кој, секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.Според ставот 3 на овој член Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина. Подигнувајќи го уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата на ниво на темелна вредност на уставниот поредок на Републиката, уставотворецот ги имал предвид проблемите предизвикани со неконтролираниот технолошки развој и економски развој во земјата и странство што доведе до појавата криза на животната средина, што од своја страна значи нарушување на рамнотежата на човекот и природата и дека помеѓу човекот и природата, односно животната средина се создадени противречности. Токму затоа суштината на заштитата на животната средина не е само во нејзината заштита со закон и други прописи, туку и во создавање на таков општествен систем во кој интересите на граѓанинот и општеството ќе се развиваат хармонично во кое ќе се отстранат противречностите помеѓу човекот и животната средина. Во оваа смисла државата е должна во уредувањето на животната средина да создаде услови за здрава животна средина со секогаш присутно чувство на одговорност при воспоставувањето на рамнотежа помегу економскиот интерес и интересот на граѓаните за здрава животна средина. Уставот утврдува и должност на секој ( сите граѓани, претпријатија, установите и други организации, единиците на локалната самоуправа) да ја унапредува и штити животната средина, како и зачувувањето на природата и животната средина може да биде една од причините со закон да се ограничи слободата на пазарот и претприемништвото. Според тоа сите субјекти се должни да ги спречуваат и отстрануваат штетните последици што со загадување на воздухот, земјиштето и водите, со бучава или на друг начин ги загрозуваат природните и со работа создадените вредности на животната средина или го доведуваат во опасност животот и здравјето на луѓето. Во тој контекст спречувањето на загадувањето на воздухот, на почвата и водата, спречувањето на штетната бучава и заштитата на животинскиот и растителниот свет поблиску се уредува со закон со што се создадени нормативни претпоставки за заштита и унапредување на животната средина и на природата.Со Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата “Службен весник на Република Македонија” бр. 69/96, 13/99, 41/2000 и 96/2000, пречистен текст “Службен весник на Република Македонија” бр. 51/2000, се уредуваат правата и должностите на Република Македонија, на правните и физичките лица, во обезбедувањето услови за заштита и унапредување на животната средина и природата заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.Со овој закон прецизно се дефинирани сите сегменти од битно значење за заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. При тоа, животната средина и природата е дефинирана како простор со сите живи организми и природни богатства, односно природните и создадените вредности и вкупниот простор во кој човекот живее и во кој се сместени населби, добрата во општа употреба индустриските и други објекти, а заштитата и унапредувањето на животната средина е дефинирана како превентивна заштита и заштита од загадување и деградација на медиумите на животната средина (водата, воздухот и земјиштето), заштитата од осиромашување на озонската обвивка, спречување на штетна бучава, заштита од јонизирачко и нејонизирачко зрачење, користење и депонирање на отпадоци и друг вид на заштита на животната средина.Според член 3 на овој закон Републиката учествува во финансирањето на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата со средства од Буџетот на Републиката, а според членот 4, правните и физичките лица при вршењето на дејноста потребно е да обезбедат рационално користење на природните богатства, финансиски средства за заштита на животната средина и природата во рамките на инвестиционите ипроизводствените проекти и програми и следење на влијаниото на дејноста врз квалитетот на животната средина.Во членот 5 од Законот е предвидено дека поблиските услови за заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и здравјето на луѓето се пропишуваат со закон. Понатаму со законот поблиску се разработени правата и должностите на Републиката, правните и физичките лица за заштита и унапредување на животната средина и природата, финансирањето, надзорот и казнените одредби.Заштитата и унапредувањето на животната средина има свое место во нормирањето на други области од општествениот живот. Така според членот 4 на Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/96), со просторното и урбанистичкото планирање се обезбедува порамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните и според ставот 2 на овој член, со просторното и урбанистичкото планирање се предвидуваат мерки за заштита на животната средина и природата.Со Законот за спречување на штетната Оучава (“Службен весник на СРМ” бр.21/88, 10/90 и 62/93), се утврдуваат правата и должностите на работните луѓе и на граѓаните, претпријатијата, месните заедници и другите организации, општините и градот Скопје, во поглед на заштитата од штетната бучава, како и условите и мерките за спречување и отстранување на штетната бучава во човековата средина, доколку со други прописи не е поинаку уредено.Со членот 2 од овој закон е определен поимот што подразбира штетна бучава во смисла на Законот, според кој под штетна бучава се подразбира честа или долготрајна појава на звук, или шум во човековата средина (околина) кој е над максимално дозволените граници пропишани врз основа на овој закон, стандардите и меѓународните конвенции прифатени од Република Македонија и има штетно влијание врз здравјото на луѓето. Според ставот 2, извори на бучава се сите видови на постројки, уреди, машини, транспорни средства и апарати чија употреба создава бучава во човековата средина, а според ставот 3, под поимот човекова средина (во смисла на овој Закон), се сметаат станбените згради и деловните простории, објектите на општествениот стандард и други објекти, како и населените места и зоните за одмор и рекреација . И според овој закон наведените субјекти имаат право и должност да обезбедуваат и спроведуваат мерки за спречување и отстранување на бучавата што сеостваруваат со програма на мерки и активности за заштита од бучавата. Тргнувајќи од сваќањето на темелната вредност за уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредување на животната средина и на природата и уставната граранција дека секој човек има право на здрава животна средина и обврската на Републиката да обезбеди услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина, Судот смета дека законодавецот не е потполно слободен во својата проценка да го нормира работното време во угостителската и туристичката дејност или пак ова прашање да го сведе на фактичко прашање. Имено, современите услови на живеење, технолошкиот развој и профитот не донесуваат само благодети туку репродуцираат и многу негативни појави кои свој одраз имаат и врз животната средина. Оттука произлегува дека законодавецот при нормирањето на работното време мора да ги има предвид уставните вредности за заштитата на животната средина и правата на граѓаните на здрава животна средина и да воспостави односи што ќе ги гарантираат правата на граѓаните. Со други зборови при нормирањето на работно време законодавецот е должен да воспостави односи кои истовремено ќе го овозможи вршењето на угостителската и туристичката дејност но и вршењето на овие дејности нема да влијае на загрозувањето на животната средина и правата на човекот на здрава животна средина.Со одделни оспорени одредби од оспорениот Закон, законодавецот со нормирањето на работното време, и покрај утврдените критериуми содржани во овие одредби, очигледно се раководел од интересите на вршителите на дејноста, без да го има предвид влијанието на работното време врз животната средина.Од овој аспект, според мислењето на Судот, од значење се одредбите од ставот 2 на членот 1 од оспорениот закон под 2.2 и 2.3 што се однесуваат на нормирањето на работното време во угостителските објекти за исхрана, без оглед на видот на објектот во периодото од 1 јуни до 31 август да можат да работат од 07,оо до 02,00 часот, односно во деновите петок, сабота, деновите спроти празничните денови и празничните денови да можат да работат од 07,00 до 01,00 часот. Несомнено дека работното време според овие одредби има влијание врз животната средина, а законодавецот при тоа ги занемарил потребите на граѓаните за одмор во овој временски интервал. Освен тоа единствен критериум за определување на раоотното време е објектот да е наменет за исхрана и тоа без оглед на видот на објектот. Ако се има предвид дека ваквите објектипредизвикуваат бучава, како поради феквенцијата на гостите, така и поради употребата на уреди во функција на приготвувањето на храната несомнено дека со ваквото работно време е дехуманизиран просторот за живеење односно е деградирана животната средина.Исто така, од посебно значење е и одредбата на овој став под 2.4 со која е определено работното време на угостителските објекти – ноќен бар, кабаре и диско клуб, кои не се во состав на угостителските објекти за сместување да можат да работат и тоа ноќен бар и кабаре од 20,00 до 03,00 часот, а дискоклубот од 18,00 до 01,00 часот. Оградата на оваа одредба “кои не се во состав на угостителските објекти за сместување” укажува дека отсуствува критериум за овој вид локали каде можат да бидат сместени, а при тоа нивното работење да
не влијае на животната средина, како и одредбата од ставот 1 на оваа потточка од Законот, што се однесува на работното време за угостителски објект – дискоклуб во деновите петок, сабота, деновите спроти празничните денови и празничните денови во периодот од 1 јуни до 31 август да може да работи од 18.00 до 02,00 часот.
7.Не е спорно дека во ставот 2, исто така, од потточката 2.4. од овој закон е предвидена забрана дека угостителската дејност во угостителските објекти ноќен бар,
кабаре не може да се врши во деловна просторија која се наоѓа во
колективна станбена зграда, освен ако со деталниот урбанистички план за одделни делови на населени места поинаку не е определено. Меѓутоа ако се има предвид дека работењето на овој вид локали е пропратено со голема фреквенциЈа на
корисниците на услугите, ова особено се однесува на дискообјектите, и ако продуцира голема бучава, тогаш критериумот оваа вид дејност да не може да се врши во
колективна станбена зграда не е доволен да обезбеди здрава
животна средина на граѓаните кои живеат во соседството на овие
локали. Исто така, во врска со оваа одредба, Судот смета дека
со дадената можност, со детален урбанистички план за одделни
делови на населени места, да може да се предвиди работење на
овие локали во определеното работно време и во колективни
станбени-. згради се повредува темелната вредност на
хуманизацијата на просторот и уставната гаранција за правото на
граѓаните на здрава животна средина.
8.Со оглед на тоа што со означените одредои од оспорениот закон со нормирањето на работното време во угостителската дејност не е обезбедена хуманизација на
просторот и заштита и унапредување на животната средина и право на граѓаните на здрава животна средина, како и дека со7. овие одредби Републиката не обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, Судот оцени дека не се во согласност со член 8 алинеја 10 и со член 43 од, Уставот поради што одлучи како во точките 1 и 2 на оваа одлука.
9. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.У.бр.112/2000 30 мај 2001 година С к о п ј е лк