196/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 23 мај 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на
а.) Член 30 став 2 точка 3 во делот што се однесува за примена на повластената даночна стапка од 5% на прометот на услугите на адвокатите од Законот за данокот на додадена вредност (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр. 44/99, 59/99, 86/99, 11/2000) и
б.) член 6 ставот 2 од Одлуката за утврдување на доб-рата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (“Службен весник на Република Македонија” бр.65/99).
2. Биљана Атанасова од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од законот и одлуката означени во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспорените одредби биле во спротивност со член 55 став 2 од Уставот на Република Македонија, затоа што со нив се создавала нееднаква правна положба на пазарот ме?у адвокатите и другите субјекти како физичките лица, здруженијата и друштвата, кои исто како и адвокатите, пру`але правна помош во одредени области, а на чии услуги се применувала општата даночна стапка од 19%. Имено, со воведување на две различни стапки на оданочување на промет на исти вид на услуги, само по основ на п рипадноста на одредена група на субјекти, се нарушувало уставно загарантираното право на еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.
3. Судот на седницата утврди дека според оспорениот дел на член 30 став 2 точка 3 од Законот, повластената да-ночна стапка од 5% се применува и на прометот на услугите на адвокатите, а додека според оспорениот член 6 став 2 од Одлуката, под услуги на адвокати се подразбираат и сметаат дејностите типични за професијата, според Законот за адвокату-рата.
Судот на седницата, исто така, утврди дека оспорените одредби веќе ги оценувал постапувајќи по предметот У.бр.154/99, 164/99, 235/99 и 37/2000 во однос на одредбите од членовите 33 и 53 од Уставот и од други причини, а не и во однос на членот 55 став 2 од Уставот, од чиј аспект сега се оспоруваат во оваа иницијатива. При тоа, со решение под истиот број од 14 јуни и 20 септември 2000 година Судот не повел постапка за оценување на нивната уставност, односно уставност и законитост.

4. Според член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
Според член 53 од Уставот, адвокатурата е самостојна и независна јавна слу`ба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Според член 55 став 1 и 2 од Уставот се гарантира слободата на пазарот и предприемништвото, а Републиката обез-бедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.
Во Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/92), освен што е преземана устав-ната одредба за статусот и поло`бата на адвокатурата, се уредуваат организационите прашања на адвокатурата, условите за стекнување својство на адвокат, се утврдува содр`ината на само-стојноста и независноста на адвокатурата и на правната помош која што се состои во давање правни совети, составување исправи за правни работи, составување поднесоци во судски и др уги постапки, застапување на странките пред судовите, други органи и други правни и физички лица, одбрана на обвинетите лица и вршење други работи на правна помош во согласност со закон. Исто така, заради обезбедување слобода, самостојност и независ-ност на адвокатот во неговата работа, овој закон утврдува и своевиден имунитет на адвокатот.
Од друга страна, според член 1 став 1 од Законот за данокот на додадена вредност, со овој закон се воведува данокот на додадена вредност и се уредува неговото пресметување и плаќање, а според ставот 2 од истиот член, овој вид на данок, како општ потрошувачки данок, се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата, како и на целокупниот услужен сектор, освен ако поинаку е пропишано со овој закон.
Според членот 2 од овој закон, предмет на оданочува-ње со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги, кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обвр-зник, а додека според членот 9 став 1, даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, под која пак, според ставот 2 од истиот овој член, се подразбира секоја дејност на производителите, трговците и лицата кои извршуваат услуги, која има за цел остварување на приходи.
Од наведените уставни и законски одредби, покрај другото, произлегува дека уставно право е на законодавецот со закон да ги утврди даноците и другите јавни давачки кое не е ограничено ниту во поглед на предметот ниту во поглед на субјек-тите на оданочување и дека во рамките на остварувањето на ова негово уставно право тој со Законот за данокот на додадена вредност не само што го вовел овој вид на данок, но го уредил и начинот на неговото пресметување и плаќање, со тоа што го утвр-дил предметот на оданочување, даночните обврзници, даночната основа и стапки, даночните ослободувања и другите погодности, присилната наплата и др.
Уставно прокламираната слобода на пазарот и прет-приемништвото и еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот што треба да ја обезбедува Републиката не значи ограни-чување на законодавецот да утврди и различни даночни стапки кои ќе се применуваат врз прометот на добрата и услугите што ги извршуваат одделни субјекти на пазарот.
Ова од причини што интенцијата и целта на уставната обврска на Републиката да обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот, со преземање на мерки против моно-полската положба и монополското однесување на пазарот, во својата основа, бездруго, ја има еднаквата уставно правна полож-ба и статус на одделните субјекти, во конкретниот слу чај на субјектите што вршат промет на определен вид на добра или услуги на пазарот.
Оттука, ако се има предвид дека адвокатурата, нас-проти другите субјекти кои пружаат правна помош, според Уставот претставува посебно значајна и важна институција во системот на уставните гаранции за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, која е дефинирана како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, а чија организација, начин на работа, обезбедувањето на самостојноста и независноста во нејзиното работење, како и другите прашања се утврдени и разработени во Законот за адвокатурата, а, од друга страна, определени права и дол`ности во одделни други закони, пред се во Законот за кривичната постапка и другите процесни закони, се резервирани само за адвокатите, произлегува дека во конкретниот случај станува збор за субјекти со различен уставно – правен статус и положба.
Според тоа, утврдувањето на различните даночни стапки од 19% и 5% во Законот за данокот на додадена вредност, кои се применуваат врз прометот на услугите што ги даваат адвокатите и другите субјекти, не значи повреда на уставно загарантираната слобода на пазарот и претприемништвото и една-квата положба на овие субјекти на пазарот, со оглед дека различ-ните даночни стапки се последица, или со други зборови, се условени од нивната различна уставно-правна положба и статус и од определени разлики на работите што ги вршат.
5. Врз основа на наведеното Судот оцени дека оспорените одредби од Законот и Одлуката не се во несогласност со член 55 став 2 од Уставот, поради што и одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од судијата Олга Лазова во својство на заменик претседател и судиите Бахр и Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.196/2000
23 мај 2001 година
Скопје
л.а

ГО ЗАМЕНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
на Уставниот суд на Република
Македонија
судија: Олга Лазова