228/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 став 1 алинеја 1 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 4 април 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за финан-сиското и материјалнотото работење во Министерството за одбра-на, донесен од министерот за одбрана, бр. 01-720/02 од 7 мај 1999 година.
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение.
Во иницијативата се наведува дека оспорениот Правилник бил донесен врз основа на членовите 138 и 160 од Законот за органите на управата, член 17 точка 14 од Законот за одбрана и член 7 од Законот за сметководство. Меѓутоа, во ниедна од овие одредби не било предвидено дека министерот за одбрана може да донесе ваков правилник поради што Правилникот не бил во согласност со овие наведени законски одредби, со член 55 став 1 од Законот за организација и работа на државната управа, како и со членовите 91 алинеја 5 и 96 од Уставот. Се наведува, исто така, дека според членот 57 од Правилникот, овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување што не било во согласност со членот 52 став 1 и 2 од Уставот и со Законот за објавување на законите и други те републички прописи и општи акти.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорениот Правилник се регулираат прашањата од областа на финансиското и материјалното работење на Министерството за одбрана, и тоа: средства и извори на средства; изготвување предлог пресметки и финансиски план; контрола на финансиските и материјалните документи; платниот промет; пресметката и исплатата на плати и надоместоци на плати и други надоместоци; сметководството; попис на средствата и изворите на средствата; амортизација и ревалоризација на средствата; пресметки, извештаи и анализи; делокруг на работа и одговорност за финансиско и материјално работење и други работи од областа на финансиското и материјалното работење.
4. Според членот 17 став 1 точка 14 од Законот за одбрана и членот 7 став 11 од Законот за сметководство, министерот за одбрана има обврска да го организира и спроведува материјалното и финансиското работење во Армијата, како и да ги пропише формата и начинот на водење на деловните книги во единиците, установите и организациите на Армијата и формата и начинот на водење на материјална евиденција за средствата на вооружување и воената опрема на одбраната.
Согласно член 3 став 1 точка 4 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија”, во ” Службен весник на Република Македонија” се објавуваат правилниците, наредбите, упатствата, решенијата и другите акти за кои со закон се овлас-тени да ги донесуваат министрите кои раководат со министер-ствата, како и функционерите кои раководат со другите органи на управата и организации утврдени со закон, како и други акти за кои тие ќе одлучат да се објават во “Службен весник на Република Македонија”.

Од текстот на преодните и завршните одредби на оспорениот Правилник видно е дека овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување од што произлегува дека министерот за одбрана одлучил, Правилникот да не се објави во “Службен весник на Република Македонија”, туку да стапи во сила со денот на неговото донесување од причина што тоа е интерен акт на министерството.
Тргнувајки од содржината на оспорениот Правилник во целина, сметаме дека со овој Правилник само се доуредуваат одредени прашања кои се однесуваат исклучиво на интерните односи во Министерството за одбрана од областа на финансиското и материјалното работење. Всушност, овој Правилник е интерен акт на Министерството за одбрана и не претставува пропис доне-сен од министерот за одбрана за вршење на јавни овластувања утврдени со закон.
Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека оспорениот Правилник не е пропис за кој Уставниот суд е надлежен да ја цени неговата уставност и законитост, поради што согласно член 28 став 1 алинеја 1 Деловникот на Уставниот суд одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Прое вски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр. 228/2000
4 април 2001 година
Скопје

л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов