222/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 70/92), на седницата одржана на 28 март 2001 година донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на членот 7 став 2 од Законот за штрајкот (“Службен лист на СФРЈ” бр. 23/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членовите 16 и 20 од законот означен во точката 1 на ова решение.
3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на одредбите од законот означен во точката 1 на ова решение.
Според наводите во иницијативата ставот 2 на член 7 од Законот за штрајкот бил терминолошки неусогласен со Уставот, а членовите 16 и 20 предвидувале прашањата сврзани со штрајкот, наместо со закон, да можат да се уредуваат со колективни договори и општи акти што ги правело несогласни со Уставот.
4. Судот на седницата утврди дека членот 7 став 2 од Законот за штрајкот предвидува со закон или со одлука на собранието на општествено-политичката заедница заснована врз закон да се утврдува начинот на обезбедувањето на условите од став 1 на овој член.
Исто така, Судот утврди дека согласно членот 16 од Законот, надзор над примената на одредбите на овој закон, на колективните договори и на општите акти со кои се уредуваат правата и обврските на работниците и на органот на управување како и на работоводниот орган односно на работодавецот во врска со штрајкот да врши инспекцијата на трудот, во согласност со закон.
Според членот 20 од овој закон колективните договори и општите акти ?е се усогласат со одредбите на овој закон во рок од 6 месеци од денот на неговото влегување во сила.
5. Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Судот ?е ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по неа.
Со оглед на тоа дека со влегувањето во сила на Законот за јавните претпријатија престанаа да важат одредбите од членот 7 од Законот, а со тоа и оспорената одредба на ставот 2 од овој член, Судот оцени дека постојат процесни пречки за одлучување, поради што, во овој дел , ја отфрли иницијатива.
6. Согласно член 32 став 5 од Уставот остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Согласно член 38 став 1 од Уставот се гарантира правото на штрајк.
Имај?и ги предвид наведените одредби од Уставот, Судот оцени дека остварувањето на загарантираното право на штрајк, како и другите права од работен однос, може да се уредуваат и со колективен договор под услов неговите одредби да не се во спротивност со Уставот и со Законот за штрајкот или со другите закони со кои се уредува остварувањето на ова право во одделни области, односно дејности, што би било предмет на оценување на секој конкретен колективен договор што содржи такви одредби.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 на ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У. бр. 222/2000
28 март 2001
С к о п ј е
сгј
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов