Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 14 февруари 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на Заклучокот на Владата на Република Македонија, донесен на седницата одржана на 27 јули 2000 година во врска со нач инот на исплата на долгот од 8% за периодот ноември 1994 до август 1999 година, на пензионерите отидени во пензија до крајот на 1994 година.
2. Душко Јосифовски од Велес, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на актот означен во точката 1 од ова решение.Според наводите во иницијативата оспорениот заклучок бил несогласен со закон, затоа што бил донесен од ненадлежен орган. Имено Заклучокот требало да го донесе Собранието, како законодавно тело, а не Владата, како носител на извршната власт.
3. Судот на седницата утврди дека со Заклучокот се даваат насоките како и кога да се исплатат дополнителните 8% на пензионерите, а заостанатиот дел на зголемување на пензиите од 8% за периодот од ноември 1994 година до 31 август 1999 година, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија треба да започне да го исплатува со исплатата на пензиите за август 2000 година.Исплатата на овие обврски кон корисниците на пензија ќе се врши во еднакви месечни рати во рок од 58 месеци, почнувајќи од септември 2000 година, а потребните средства за исплата на ова зголемување ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.
4. Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија, меѓу другото, одлучува за согласно ста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи со Уставот и со законите.Имајќи ја предвид содржината на оспорениот заклучок, Судот смета дека истиот не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот и како таков излегува надвор од доменот на надлежноста на овој Суд.Ова од причина што истиот не содржи материјални одредби со кои би се воспоставувале права и обврски на споменатата група пензионери, туку е во функција на реализирање на исплатата на долгот од 8% за периодот ноември 1994 до август 1999 година, без, притоа, да се наруши редовната исплата на пензиите.Со други зборови, Судот оцени дека оспорениот заклучок нема карактер на пропис туку дека претставува спроведбен акт односно работен заклучок на Владата, донесен во функција на извршување на пресудата на Врховниот суд на Република Македонија и одлуката па Уставниот суд на Република Македонија.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение. 6. Оза решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски. д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.149/2000
14 февруари 2001 година
С к о п ј е