102/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 7 февруари 2001 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Статутот на Техничкиот факултет- Битола бр.01-338/1 донесен од Советот на Техничкиот факултет-Битола на седницата одржана на 6 јуни 1999 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по иницијатива на Проф. д-р Сотир Пановски и Проф. д-р Витомир Стојановски од Битола, со решение У.бр. 102/2000 од 4 октомври 2001 година поведе постапка за оценување законитоста на
Статутот на Техничкиот факултет-Битола, бидејќи пред Судот основано се постави прашањето за неговата согласност со Законот за насочено образование во времето на неговото важење.
4. Судот на седницата утврди дека со денот на влегувањето во сила на Законот за високото образование, престануваат да важат одредбите од Законот за насоченото образование што се однесуваат на високото образование (член 199). Меѓутоа, имајќи предвид дека Статутот на Техничкиот факултет-Битола е донесен на 6 јуни 1999 година односно во време на важењето на Законот за насоченото образование, Судот
оцени дека Статутот требало да биде донесен во согласност со одредбите од овој закон.Имено, според членот 249 од Законот за изменување на Законот за насоченото образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/91), согласност на одредбите од статутот на организациите за насочено образование што се однесуваат на правата и обврските на студентите, организацијата (режимот) на студирањето, начинот и постапката за донесување на планови и програми за воспитно-образовната дејност, начинот на одлучувањето на претставниците на општествената заедница, условите за избор во наставни, наставно-научни, научни и соработнички звања и условите за именување на индивидуапен работоводен орган дава Собранието на Република Македонија.Со оглед на тоа што Статутот на Техничкиот факултет-Битола е донесен без согласност на Собранието на Република Македонија, Судот оцени дека тој не бил во согласност со Законот за насоченото образование.
5. Во однос на наводите од иницијативата дека Статутот на Техничкиот факултет не предвидува учество на претставници на општествената заедница во ниеден орган на
факултетот како и дека деканот на факултетот одлучува во прв степен како раководител – работодавец и во втор степен како член на факултетската управа, Судот оцени дека овие прашања не се релевантни за оценување на законитоста на Статутот,
имајќи го предвид фактот дека Судот одлучи да го укине Статутот во целина поради тоа што тој не бил во согласност со Законот за насоченото образование во времето кога овој закон бил дел од правниот систем на Република Македонија.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како воточката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен
Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр. 102/2000
7 февруари 2001 година
Скопје