Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 24 јануари 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за донесување на Урбанистичка документација за населено место Трубарево, донесена од Советот на општина Гази Баба, на седницата одржана на 1 јули 1999 година.
2. Спасовска Ничева Андон Менка од с. Трубарево- Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на урбанистичката документација означена.во точката 1 од ова решение, затоа што
не била изработена врз основа на ажурирани геодетски подлоги;надлежното министерство не и дало целосна согласност и што работите кои се вршеле на теренот не соодветствувале на графичкиот приказ, како составен дел на Документацијата.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се утврдува урбаното подрачје на населеното место Трубарево со зони за домување; за општествен стандард; за јавни функции; за спорт и рекреација; за мало стопанство; за фарми и објекти во функција на земјоделието и сточарството и
инфраструктурата.Овие зони се означени и утврдени со графичкиот дел на урбанистичката документација.Со останатите одредби од Одлуката се предвидуваат условите и начинот на изградба на видовите на објекти сообразно со зоната во која ќе се градат.Исто така, оспорената одлука ги регулира прашањата во врска со пристапот на градежната парцела до одредените сообраќајници, добивањето на решение за услови за градба го условува со ненарушувањето на основните функции на постојните објекти и едновремено предвидува истото да се издава на ажурирани геодетски подлоги при што, како подлога го смета иизводот од геодетската управа за соодветната катастарска парцела.
4. Согласно член 7 став 1 точка 2 алинеја 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во зависност од просторот, кој е предмет на планирање, како еден вид урбанистички план, се доенсува урбанистичка документација за населено место во општината.Согласно член 12 од Законот, урбанистичката документација се донесува за нас9Л9но место во општината кое е од селски карактер.Согласно член 17 став 3 од Законот, по нацртот на урбанистичкиот план и урбанистичката документација за населено место во општина, се спроведува јавна анк9та.Членот 15 став 5 од Законот предвидува стручната расправа и јавната анкета по урбанистичката документација за населено место во општина да ги организира општината, односно градот Скопје.Согласно член 22 став 5, а во врска со член 11 став 3 од Законот, општината од подрачјето на град Скопје донесува детален урбанистички план и урбанистичка документација за населено место на подрачјето на општината (во случајов: село Трубарево) кои се изработуваат на ажурирани геодетски подлоги.Согласно ставот 6 на овој чл9н од Законот, урбанистичката документација може да се спроведува по издавање на согласност од Министерството надлежно за работите на урбанизмот.Ставот 7 на овој член од Законот, меѓу другото, предвидува дека урбанистичката документација за која не е издадена ваква согласност, ќе се смета дека не е дон9С9на.Согласно членот 23 став 1 од Законот, со овој вид согласност се потврдува дека планот е донесен согласно со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Оваа согласност , согласно став 2 на истиов член од Законот, се издава во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот, а доколку не се издад9 во овој рок, ќе се см9та дека истата е издадена.Од наведените законски одредби произлегува дека: Урбанистичката документација претставува еден вид урбанистички план кој се донесува за населено место во општината. (Во случајов с. Трубарево – населено место на град Скопје); јавната анкета по нацрт- урбанистичката документација ја организира општината, која потоа подготвува извештај со образложение за неприфатените забелешки и дека согласноста за спроведувањето на урбанистичката документација, издадена од Министерството за урбанизам, е услов без кој не се може.Имајќи го предвид изнесеното, во контекст на движењето на фазите на постапката при донесувањето на Документацијата, Судот смета дека Урбанистичката документација е донесена во постапка согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање, поради што не може да се п остави прашањето за нејзината законитост од овој аспект.Ова од причина што Судот, во претходната постапка утврди дека: на 1 јули 1999 година општината Гази Баба- Скопје донела Одлука за донесување на урбанистичка документација за населено место Трубарево; Предлогот на Урбанистичката документација за населено место Трубарево, е изготвен од АД за урбанизам, ахитектура и инженеринг “ЗУАС “-Скопје, со техн. број 717/97 од јуни 1999 година; Стручната ревизија на Нацрт-планот е изготвена од јавното претпријатие за прсоторни и урбанистички планови – Скопје во октомври 1997 година; Одговор на стручната ревизија е даден во декември 1997 година; Соопштението за спроведувањето на јавната анкета е објавено во “Вечер” од 26 и 27 септември 1998 година; Извештајот од спроведената јавна анкета го изготвило Министерството за урбанизам и градежништво – Подрачна единица – Гази Баба со 6 р.08-1584/4 од 2 април 1999 година; Известието за постапувањето на Извештајот од јавната анкета, го изготвило Министерството за урбанизам и градежништво – Подрачна единица Гази Баба со 6р.08-1584/4 од 2 април 1999 година; дека оспорената документација е изработена врз ажурирани геодетски подлоги, дека измени во графичкиот приказ не се вршени, односно дека истиот се совпаѓа со текстуалниот дел на планот.Врз основа на вака спроведената постапка, на 21 септември 1999 година Министерството за урбанизам и градежништво издало Согласност за спроведување на Урбанистичката документација за населеното место Трубарево, општина Гази Баба-Скопје.Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за законитоста на постапката при донесувањето на Урбанистичката документација. Што се однесува до прашањето дека, при спроведувањето на Урбанистичката документација, на терен се врши отстапување од нејзиниот графички приказ, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Судот не е надлежен за оценување законитоста на постапката при нејзиното спроведување.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим
Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.6р.109/2000
24 јануари 2001 година
С к о п ј е