Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 24 јануари 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Изводот, бр. 16-2211/1 од Одлуката за начинот на изградбата во населените места во општина Брвеница кои немаат урбанистичка документација, издаден од Министерството за урбанизам и градежништво-подрачна единица
во Тетово на 14 декември 1998 година.
2. Крсте Ристовски – адвокат од Тетово, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на Изводот од Урбанистичкиот план, бр.16-2211/1, издаден од Министерството на 14 декември 1998 година, затоа што со него се вршеле измени и дополнувања на детален урбанистички план без да била
спроведена законската постапка (немало јавна анкета, Ристовски
и Наумовски не биле известени за предвидувањето на измени на планот, … не им се овозможило да стават забелешки на предвидувањето пречки да не можат да влегуваат во своите дворови и куќи, …), поради што Изводот бил незаконит.
3. На седницата Судот утврди дека оспорениот извод е всушност извадок од одлуката означена во точката 1 од ова решение и дека не е самостоен акт кој не произлегува од друг општ акт. Со оглед на (1) содржината на оспорениот акт и (2) што тој извод не е самостоен акт, туку е извадок од друг повисок, општ, акт, Судот утврди дека тој акт не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот, поради што не влегува во делокругот на Уставниот суд да ја оценува неговата законитост.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.205/2000
24 јануари 2001 година
С к о п ј е