226/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеи 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 17 јануари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 46 во делот “и друг пропис”, член 49 ставовите 1 и 2 во деловите “прописи и”, член 55 ставовите 1 и 2 во деловите “правилници, наредби, упатства и други прописи”, член 56 ставовите 1, 2 и 3 во деловите “и други прописи” и член 57 ставовите 1 и 2 во деловите “и друг пропис” од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член член 43 став 2 од законот означен во точката 1 од ова решение.
3. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точките 1 и 2 од ова решение.
а) Според наводите во иницијативата, означените делови од членовите 46, 55 и 57 од Законот, со определувањето обврска за инспекторот и за министерот односно директорот на самостојниот орган на државната управа да постапуваат и по ” други прописи”, а не само по Уставот и законите, не биле во согласност со член 51 став 2 од Уставот според кој секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Исто така, означените делови од членовите 49, 55 и 56 од Законот, со предвидувањето можност министерот и директорот на самостојниот орган на државната управа да донесуваат подзаконски прописи односно правилници, наредби, упатства …, за извршување на законите, а не тоа да го прави Владата на Република Македонија со уредби и други прописи за извршување на законите, не биле во согласност, пред се, со член 91 став 5 од Уставот (Владата донесува уредби и други прописи за извршување на законите), но и со член 51 став 2 од Уставот (секој е должен да ги почитува Уставот и законите) односно во конечна линија тоа не било во согласност со принципот – владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот).
б) На седницата Судот утврди дека членот 46 е систематизиран во делот ИИИ од Законот посветен на надзорот и органите надлежни за вршење на надзорот.
Во него се определува дека “во вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот е должен да постапува во согласност со закон и друг пропис”.
Понатаму, член 55 од Законот е сместен во делот В од Законот посветен на актите што ги носат органите на државната управа.
Со таа одредба се предвидува дека “министерот донесува правилници, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и другите прописи, кога за тоа е овластен со закон (став 1), а директорот на самостојниот орган на државната управа, односно управната организација донесува правилници, решенија, наредби, упатства, планови, програми и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон (став 2).
Во член 57 од Законот е определено дека “во управната постапка и во одлучувањето по одделни прашања, како и во други случаи предвидени со закон и друг пропис, министерот донесува решение” (став 1), а “во управната постапка и во одлучувањето по одделни прашања, како и во други случаи предвидени со закон и друг пропис, директорот кој раководи со самостојниот орган на државната управа и на управната организација донесува решение” (став 2).
Исто така, Судот на седницата утврди дека Член 49 е систематизиран во делот ИВ од Законот, во кој се уредуваат прашањата на раководење со органите на државната управа и нивните меѓусебни односи.
Во него се определува дека “министерот го претставува министерството, организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите; донесува прописи и други акти за кои е овластен и презема други мерки од надлежност на министерството во согласност со закон; одлучува за правата, должностите и одговорностите на државните службеници и други лица вработени во министерството кои немаат статус на државни службеници, доколку со закон поинаку не е определено” (став 1), а “директорот кој раководи со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација, го претставува органот на државната управа, организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите; донесува прописи и други акти за кои е овластен и презема други мерки од надлежност на органот на државната упр ава во согласност со закон; одлучува за правата, должностите и одговорностите на државните службеници и други лица вработени во органот на државната управа, кои немаат статус на државни службеници, доколку со закон поинаку не е определено” (став 2).
Член 56 од Законот (кој припаѓа на делот В од Законот – акти на органите на државната управа), предвидува дека “со правилник се утврдуваат и се разработуваат одделни одредби на законите и други прописи заради нивно извршување” (став 1), “со наредба се наредува или забранува постапување во определена ситуација која има општо значење за извршување на законите и други прописи” (став 2), а “со упатство се пропишува начинот на постапување во извршувањето на одделни одредби на законите и други прописи” (став 3).
в) Според член 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Од изнесената уставна одредба произлегува дека во рамките на самостојното вршење на работите од својата надлежност, органите на државната управа можат, врз основа и во рамките на Уставот и законите и одговорноста пред Владата, да донесуваат подзаконски прописи за извршување на законите и тоа не значи неможност Владата да донесе уредба и друг пропис за извршување на законите, ниту преземање на владините надлежности од страна на државната управа, како што смета иницијаторот (едноставно, Владата ќе го елиминира подзаконскиот пропис на државната управа или ќе г о повика на одговорност надлежниот министер доколку оцени дека прописот на органот не го обезбедува извршувањето на законот). Според тоа, таквите законски решенија имаат уставен основ во член 96 од Уставот, па не може да се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.
4. а) Според наводите во иницијативата, членот 43 став 2 од Законот, со предвидувањето можност да се образуваат инспекторати како органи во состав на министерства заради вршење инспекциски надзор, значел овластување на министер со свој подзаконски пропис да образува инспекторат, наместо тоа да го определи Собранието на Република Македонија со закон, поради што таа законска одредба не била во согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 4 од Уставот (владеење на правото и поделбата на власта), член 51 (секој е должен да го почитува Уставот и законите), член 95 став 1 и 3 (со закон се утврдуваат министерствата и другите органи на управата, како и нивната организација и работа) и со член 96 од Уставот (според кој државната управа немала овластување да донесува подзаконски прописи), како и со начелната определба искажана во член 7 од истиот закон (со закон се основаат органите на државната управа).
б) На седницата Судот утврди дека членот 43 е систематизиран во делот ИИИ од Законот посветен на надзорот и органите надлежни за вршење на надзорот (делот И од Законот е посветен на основните определби, а делот ИИ на организацијата и надлежност на органите на државната управа, при што тука се определува кои министерства имаат инспекциски органи; на пример, Министерство за економија има државен пазарен инспекторат и државен инспекторат за техничка инспекција – член 20 став 2 алинеи 3 и 4);
Во оспорениот член 43 став 2 од Законот се предвидува дека “за вршење на инспекцискиот надзор може да се обра зува инспекторат како орган во состав на министерствата”.
Од изнесеното произлегува дека (1) Законот определил кои инспекторати постојат и на кои министерства им припаѓаат, при што (2) оспорената одредба пропишува обврска за инспекторатите да вршат инспекциски надзор, а не пропишува овластување за министерот со свој подзаконски пропис да ги востановува и ” брише” инспекторатите, како што одредбата ја интерпретира иницијаторот.
в) Имајќи ја предвид изнесената факти чка состојба, Судот утврди дека од содржината на член 43 став 2 од Законот не произлегува она што се напаѓа (нормата не го овластува министерот самиот да основа инспекторати, со свој пропис), поради што нема процесни претпоставки за оценување на нормата од наведениот аспект, па, согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Судот, иницијативата е отфрлена во тој дел.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претсе дателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков. д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.226/2000
1 јануари 2001год.
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов