62/2000-1-0

Вовед

Ustavniot sud na Republika Makedonija, vrz osnova na člen 110 od Ustavot na Republika Makedonija i člen 28 i 71 od Delovnikot na Ustavniot sud na Republika Makedonija (“Služben vesnik na Republika Makedonija” br.70/92), na sednicata održana na 18 oktomvri 2000 godina, donese

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на актот врз основа на кој на пензионерите во Република им се Македонија задржува определен износ од пензијата на име солидарен фонд.

2. Здруженито на пензионери “Поткрепа” од Битола на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што смета дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување нема основ да им задржува определен износ од пензијата на оние пензионери што изречно не се согласиле со тоа.

3. На седницата Судот утврди дека основот за означеното задржување од пензиите се одделни одлуки на сојузите на пензионери во општините, кои се доставуваат до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој само ги задржува тие средства од пензиите и ги уплаќа на сметките на овие здруженија.

4. Согласно член 110 алинеја 7 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и здруженија на граѓани.

Врз основа на оваа уставна одредба Уставниот суд со Решение У.бр.101/97 од 9 јули 1997 година ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на ваков вид одлука на Општинскиот сојуз на пензионерите во Гостивар.

И во овој случај, со оглед на тоа што со иницијативата се оспорува уставноста на одлука односно одлуки на здруженија на граѓани, а не статутот или програма на здружение на граѓани, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува за нивната уставност.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.62/2000 ПРЕТСЕДАТЕЛ 18 октомври 2000 година на Уставниот суд на Република С к о п ј е Македонија лк Д-р Тодор Џунов

Судија-известител,
Бахри Исљами _ПАГЕ _

_ПАГЕ _2_

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 18 октомври 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на актот врз основа на кој на пензионерите во Република им се Македонија задржува определен износ од пензијата на име солидарен фонд.

2. Здруженито на пензионери “Поткрепа” од Битола на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што смета дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување нема основ да им задржува определен износ од пензијата на оние пензионери што изречно не се согласиле со тоа.

3. На седницата Судот утврди дека основот за означеното задржување од пензиите се одделни одлуки на сојузите на пензионери во општините, кои се доставуваат до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој само ги задржува тие средства од пензиите и ги уплаќа на сметките на овие здруженија.

4. Согласно член 110 алинеја 7 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и здруженија на граѓани.

Врз основа на оваа уставна одредба Уставниот суд со Решение У.бр.101/97 од 9 јули 1997 година ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на ваков вид одлука на Општинскиот сојуз на пензионерите во Гостивар.

И во овој случај, со оглед на тоа што со иницијативата се оспорува уставноста на одлука односно одлуки на здруженија на граѓани, а не статутот или програма на здружение на граѓани, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува за нивната уставност.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.62/2000
18 октомври 2000 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов