81/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 47 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 септември 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на Законот за насоченото образование (“Службен весник на СРМ” бр.16/85, 2/86, 29/86, 7/88, 18/89, 29/89, 12/90, 29/90, 11/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр.40/91 и 14/95).

2. Уставниот суд на Република Македонија, по иницијатива на Панче Докузов од Штип, со Решение У.бр.81/99 од 15 септември 1999 година, поведе постапка за оценување уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека во текот на постапката е донесен Законот за високото образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.64/2000), според кој со влегувањето во сила на овој закон (Законот влезе во сила на 11 август 2000 година), престанува да важи Законот за насоченото образование (член 199 од Законот).

Со оглед на тоа што во текот на постапката оспорениот закон престана да важи, а Судот не наоѓа основи за оценување на неговата уставност во време на важењето, со што престануваат и процесните претпоставки за натамошно водење на постапката, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.81/99
13 септември 2000 година
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов