Вовед
Врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 19 јануари 2000 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за правосудниот испит (“Службен весник на Република Македонија” бр.7/88).
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на член 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение затоа што со него дипломираните правници од Факултетот за безбедност се ставени во нееднаква положба во однос на диполомираните правници од правниот факултет, со оглед на тоа што тие немаат право да полагаат правосуден испит и да вршат функции за кои се бара покрај другото и положен правосуден испит.
3. Судот на седницата утврди дека во оспорениот член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за правосудниот испит е предвидено дека по зборот “правници” се додаваат зборовите “на правен факултет”. Со извршените измени оспорената одредба гласи: “правосудниот испит се полага заради проверка на стручната способност на дипломираните правници на правниот факултет за самостојно вршење на определена должност, работи и задачи”.
4. Судот исто така утврди дека по предме-тот У.бр.87/99 со решение од 7 јули 1999 година не повел постапка за оценување уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за правосудниот испит, со образложение дека со предвидувањето право да полагаат правосуден испит имаат дипломираните правници на правен факултет, а не и диполомираните правници на факутлетот за безбедност и ОСЗ не се повредуваат начелата на еднаквоста и достапноста на образованието на секого под еднакви услови.
5. Според член 28 став 1 алинеа 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ке ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал а нема основи за поинакво одлучување.
Со оглед на тоа што Судот по оспорениот член веќе одлучувал, а по повод новата иницијатива нема основи за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседате лот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.240/99
19 јануари 2000 година
С к о п ј е
ат.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков