Вовед
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 8 декември 1999 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на член 2 став 2 точките 3, 4 и 5 од Законот за ограничување на изворните приходи за финансирање на јавните потреби за 1999 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/99) со Законот за буџетите (“Службен весник на Република Македонија” бр.79/93, 3/94, 71/96 и 15/99).
2. Владимир Јовановски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување меѓусебната согласност на член 2 став 2 точките 3, 4 и 5 од Законот за ограничување на изворните приходи за финансирање на јавните потреби за 1999 година со Законот за буџетите.
3. Судот на седницата утврди дека според член 2 став 1 од Законот, изворните приходи (без трансферните средства) за финансирање на јавните потреби за 1999 година се ограничуваат на вкупен износ од 67.983.000.000 денари, а според ставот 2 на овој член од Законот, одделно се наведени износите на приходите од ставот 1 на овој член кои се распределуваат на Републиката, единиците на локалната самоуправа, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување, Републичкиот завод за вработување и Фондот за патишта. Оспорувањето на одредбата е во делот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Републичкиот завод за вработување.
Со оглед на тоа што со иницијативата се бара оценување на меѓусебна согласност на законите наведени во точката 1 од ова
решение, за што согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд не е надлежен да одлучува, и затоа се одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.209/99
8 декември 1999 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков