У.бр.151/1999

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 октомври 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 145 став 2 од Законот за општата управна постапка (“Службен лист на СФРЈ” бр.52/56, 10/65, 4/77, 11/78, 9/86 и 16/86).

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбата на член 145 став 2 од Законот означен во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата подносителот смета дека оспорената одредба не била во согласност со членот 13 став 1 и со членот 98 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија. При постоење на кривично дело и кривична одговорност на сторителот, органот што ја водел управната постапка бил врзан со правосилна пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен. Спротивно на ваквото законско решение со оспорената одредба се негира правосилната судска одлука, судската власт и нивната самостојност и независност. Имено, според Уставот вината за казниво дело можела да се утврдува само со правосилна судска одлука, а судската власт ја вршеле само судовите, а управниот орган не бил стручно квалификуван да го расправи кривичното дело, кога тоа се појавувало како претходно прашање.

Во контекст на оспорената одредба од Законот подносителот смета дека од истите причини не е во согласност со наведените уставни одредби и членот 252 став 1 точка 2 од Законот.

3. Судот на седницата утврди дека според ставот 1 на член 145 од Законот, органот што ја води постапката мора да ја прекине кога претходното прашање се однесува на постоење на кривично дело, на постоење на брак, на утврдување на татковство или кога тоа е определено со закон, а според оспорениот став 2 на овој член од Законот кога претходното прашање се однесува на кривично дело, а нема можност за кривично гонење, органот што ја води постапката ќе го расправи тоа прашање.

Според член 252 став 1 точка 2 од Законот во случај на член 249 точките 2 и 3 од Законот странката може да бара обнова на постапката во рок од еден месец од денот кога странката узнала за правосилна пресуда во кривичната постапка, а ако постапката не може да се спроведе, од денот кога узнала за запирањето на таа постапка или за околностите поради кои постапката не може да се поведе, односно за околностите поради кои нема можности за кривично гонење.

4. Според член 13 став 1 од Уставот лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

Во членот 98 од Уставот е предвидено дека судската власт јавршат судовите, а според ставот 2 на овој член, судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Според членот 1 од Законот за општа управна постапка кој согласно Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија е преземен како републички пропис, според овој закон се должни да постапуваат органите на управата и другите државни органи кога во управните работи, непосредно применувајќи ги прописите, решаваат за правата, обврските или правните интереси на поединец, на правно лице или друга странка.

Во членот 144 од Законот е предвидено ако органот што ја води постапката наиде на прашања без чие решение не може да се реши самата работа, а тоа прашање претставува самостојна правна целина за чие решение е надлежен суд или некој друг орган (претходно прашање), тој може под условите од овој закон сам да го расправи тоа прашање, или да ја прекине постапката, додека надлежниот орган не ќе го реши тоа прашање. За прекинот на постапката се донесува заклучок, против кој е допуштена посебна жалба, освен ако заклучокот го донел второстепен орган. Според ставот 3 на овој член, во прашањето на постоење на кривично дело и кривична одговорност на сторителот, органот што ја води постапката е врзан со правосилна пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен.

Означените законски одредби го уредуваат прашањето кога при решавање на управен предмет органот наиде на прашање за чие решавање не е тој надлежен, но од чие претходно решавање зависи одлучувањето на главното прашање (прејудициално прашање) што претставува самостојна правна целина за чие решавање е надлежен некој друг орган или суд. Во таков случај органот што ја води постапката може, согласно законските услови сам да го расправи тоа прашање или може да ја прекине постапката додека надлежниот орган не се произнесе по тоа прашање, па потоа, врз одлуката надлежниот орган да одлучува за главната работа. Во случај, пак, на постоење на кривично дело органот што ја води управната постапка е врзан со правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен, кога тоа прашање се поставува прејудицијално за решавање на управниот предмет.

Членот 145 став 1 ги решава случаите кога претходното прашање се однесува на постоење на кривично дело и во тој случај органот што ја води постапката мора да ја прекине до произнесување на надлежниот суд за постоење или не постоење на кривично дело. Оспорениот став 2 на овој член го решава прашањето кога претходното прашање се однесува на кривично дело, но кога нема можност за кривично гонење (застареност на кривичното гонење, откажување на јавниот обвинител од гонење односно кога во Кривичниот законик е утврдено дека судот може сторителот на кривичнот дело да го ослободи од казна а јавниот обвинител со оглед на конкретните околности на случајот оцени дека самата пресуда без кривична санкција не е потребна или оцени дека кривичната санкција не би била основана, смрт на обвинетиот или слично).

Според тоа Законот прави дистинкција во случаи кога решавањето на управниот предмет е во зависност од постоењето на кривично дело и кривична одговорност и во тој случај органот е врзан со правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен и случаите кога претходното прашање се однесува на кривично дело но нема можност за кривично гонење.

Во врска со последново, се поставува прашање дали е во согласност со наведените уставни одредби органот што ја води управната постапка да го расправи и претходното прашање ако тоа прашање се однесува на кривично дело но нема можност за кривично гонење.

Тргнувајќи од уставната гаранција содржана во членот 13 што подразбира право на граѓанинот на судско изречена казна, граѓанинот да се смета невин се додека судски не се докаже неговата вина со правосилна пресуда и уставната гаранција содржана во член 14 од Уставот што подразбира дека граѓанинот може да одговара само за дело кое е предвидено со закон како казниво дело и за тоа дело со закон да е предвидена казна, не е спорно дека ако постоењето на кривично дело и кривична одговорност се појави при решавањето на одредена управна работа како претходно прашање за тоа треба да одлучува надлежен суд, а не органот. Меѓутоа ваквите случаи се уредени со членот 144 став 3 од Законот за општата управна постапка. Оспорената одредба на член 145 став 2 од истиот закон решава друга ситуација, односно кога претходното прашање се однесува на кривично дело но нема можност за кривично гонење, што значи дека не постои вина утврдена со правосилна судска одлука ниту за тоа дело е предвидена казна. Оттука Судот смета дека овластувањето на органот во текот на управната постапка да го реши претходното прашање кое се однесува на кривично дело а нема можност за кривично гонење не може да ја доведе во прашање уставната гаранција утврдена во член 13, 14 и 98 од Уставот. Ова од причини што во случаите кога надлежниот кривичен суд утврди дека нема можност за кривично гонење тој не донесува пресуда со која утврдува постоење на вина и соодветна казна за утврдена кривична одговорност, а органот што ја води постапката е надлежен да го расправи претходното прашање, затоа што од тоа зависи решавањето на управната работа.

Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.151/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
28 октомври 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
лк Д-р Милан Недков

Судија-известител,
Бесим Селими Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 октомври 1999 година, донесе

У.бр.151/99
28 октомври 1999 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков