114/1999-1-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 ставовите 1и 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 септември 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членовите 19 и 23 од Законот за верските заедници и религиозните групи (“Службен весник на Република Македонија” бр.35/97).

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 8 став 2 и на член 22 став 2 од законот означен во точката 1 од ова решение.

3. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точките 1 и 2 од ова решение, затоа што со член 8 став 2 и со членовите 19 и 23 од Законот се повредувало уставното начело на еднаквост на тој начин што едни граѓани можеле да основаат верска заедница, а други не (член 8 став 2), потоа што едни граѓани морале да добијат претходно мислење и одобрение за вршење на верски обред, а други доставувале само известување (член 19) и што едни граѓани (оние организирани во религиозна група) имале обврска да ги пријавуваат статусните промени или престанокот на религиозната група, а другите (верските заедници) немале таква обврска (член 23 од Законот), поради што наведените законски одредби не биле во согласност со член 9 од Уставот. Покрај тоа, членот 8 став 2 од Законот не бил во согласност и со член 19 од Уставот бидејќи со определувањето за една вероисповест да може да постои само една верска заедница ја ограничувал слободата на вероисповеста. Во однос на член 22 став 2 од Законот, се смета дека таа одредба со предвидувањето постоење позитивно мислење од комисијата за верски прашања ако се сака изградба или стекнување објект за вршење на верски работи и верски обреди, значела ставање на наведениот орган над законските одредби и дискриминација на верските заедници и религиозните групи во однос на други здруженија на граѓани кои немале такво ограничување, поради што и оваа одредба не била во согласност со член 9 од Уставот.

4. Судот, на седницата, утврди дека во членот 18, Законот определил верските обреди и верските работи да се вршат во цркви, џамии и други храмови, како и во нивните дворови, на гробишта (став 1), и дека вршењето на тие обреди и работи не смее да биде такво да ги повредува јавниот ред и мир, како и верските чувства и другите слободи и права на граѓаните кои не се припадници на таа верска заедница или религиозна група.

Потоа, во членот 19, кој се оспорува, Законот определува дека “верски обреди и верски работи можат да се вршат и во други простории и места достапни на граѓаните, со одобрение од надлежниот орган за внатрешни работи, по претходно мислење од органот надлежен за прашањата на верските заедници и религиозните групи” (став 1), при што “барањето за добивање одобрение од став 1 на овој член организаторот на обредот го поднесува најмалку 15 дена пред денот на одржувањето на верскиот обред и во барањето се наведува видот на обредот, кој го изведува, целта на обредот, како и времето и местото каде што истиот ќе се врши” (став 2). Во ставот 3 се определува дека “органот од став 1 на овој член го известува подносителот на барањето дали го одобрува или не го одобрува одржувањето на верскиот обред најдоцна седум дена пред денот на планираното одржување на верскиот обред”, а според ставот 4″ по исклучок од став 1 на овој член, традиционални верски обреди и верски работи (литии и слично) во други простории и места достапни до граѓаните се вршат со претходно известување на органот надлежен за прашањата на верските заедници и религиозните групи”.

Очигледно е дека и одобрението и мислењето и известувањето се акти кои треба да се обезбедат пред одржувањето на обредот.

Имајќи ја предвид уставната определба за правото на граѓаните да се собираат на мирни собири, па дури со нив да сакаат и јавно да изразат протест на мирен начин, а за тоа право да не им е потребно претходно пријавување и претходна дозвола (одобрение) – член 21 став 1 од Уставот, пред Судот се постави прашањето дали членот 19 од Законот е во согласност со член 21 од Уставот.

5. Исто така, Судот утврди дека со член 23 од Законот се определува лицата одговорни за работата и за застапувањето и претставувањето на религиозната група да се должни да поднесат до органот надлежен за прашањата на верските заедници и религиозните групи пријава за секоја статусна промена или престанок на религиозната група, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката за промена или престанок.

Понатаму, Судот утврди и дека членовите 13 и 14 од Законот го овластувале органот надлежен за прашањата на верските заедници и религиозните групи да води посебен регистар за верските заедници и религиозните групи, како и да пропишува поблиски правила во врска со содржината и водењето на регистарот, но дека тие две законски одредби престанале да важат со укинувачката одлука од овој суд објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр.64/98 од 31 декември 1998 година бидејќи со тоа се ограничувала слободата на вероисповеста (член 19 став 1 од Уставот), се нарушувала уставната определба за одвоеност на верските заедници и религиозните групи од државата (член 19 став 3 од Уставот) и се излегувало надвор од рамките за уставната и законската положба на органите на државната управа (член 96 од Уставот). Со тоа, тој орган повеќе нема такви овластувања.

Имајќи го предвид изнесеното, пред Судот се постави прашањето дали пропишувањето, во член 23 од Законот, обврска за религиозните групи да поднесуваат пријава за секоја статусна промена или престанок до органот надлежен за верски прашања има основа во наведените уставни одредби.

6. Понатаму, Судот на седницата утврди дека членот 8 став 2 од Законот еднаш веќе бил предмет на оцена од овој суд, при што таа одредба Судот ја оценил за уставна и не повел постапка бидејќи верниците кои имаат исто верско убедување со други верници, а не припаѓаат (по нивна волја) во регистрирана верска заедница, тие можат да се здружат во религиозна група и организирано да ги вршат верските работи и верските обреди, како и верските заедници, со што е обезбедена и слободата на вероисповеста и начелото на еднаквоста, па нема несогласност со членовите 9, 19, 20 и 54 од Уставот. Од друга страна, Судот оцени дека со оваа законска одредба всушност се заштитуваат граѓаните од манипулирање со нив преку поделба на верниците од иста вероисповест на повеќе верски заедници што води кон легализирање на раскол во црквата – (Решение У.бр.223/97 од 28 октомври 1998 година).

Имајќи предвид дека членот 8 став 2 од Законот бил предмет на оцена од наведените аспекти, како и дека сега нема основи за поинакво одлучување, Судот, согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот, одлучи како во точката 2 од ова решение.

7. Во однос на член 22 став 2 од Законот, Судот утврди дека наведената одредба е укината со Одлука на Судот У.бр.223/97 од 23 декември 1998 година и дека законската одредба, на тој начин, престанала да важи на 31 декември 1998 година (со објавувањето на Одлуката на Судот во “Службен весник на Република Македонија” бр.64/98).

Поради тоа, Судот утврди дека нема процесни претпоставки за постапување по овој дел од иницијативата, па согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот, одлучи како во точката 2 од ова решение.

8. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.114/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
9 септември 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
д-р Јосиф Талевски Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 ставовите 1и 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 септември 1999 година, донесе

У.бр.114/99
9 септември 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков