Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 февруари 1999 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 12 став 3 од Законот за пазарната инспекција (“Службен весник на Република Македонија” бр.35/97).
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбата од Законот означена во точката 1 од ова решение, затоа што предвидува пазарниот инспектор самиот да ги извршува своите решенија и тоа да го прави со непосредна принуда, со што се повредува поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, потоа се повредува физичкиот и моралниот интегритет на човекот и тоа претставува облик на мачење или нечовечко или понижувачко однесување, а исто така се предвидува и ограничување на слободите и правата на човекот и гра?анинот со закон, надвор од Уставот, поради што членот 12 став 3 од Законот не бил во согласност со член 8 став 1 алинеја 4 и со член 98 став 1 од Уставот (за поделбата на власта). потоа со член 11 став 1 и 2 од Уставот (за физичкиот и моралниот интегритет на човекот) и со член 54 став 1 од Уставот (за ограничување на слободите и правата на човекот и гра?анинот со закон, надвор од Уставот).
3. На седницата Судот утврди дека со оспорениот член 12 став 3 од Законот се предвидува извршното решение на пазарниот инспектор кое не се однесува на парични обврски, инспекторот да може да го изврши и по пат на непосредна принуда.
Со член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за органите на управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.63/98 од 30 декември 1998 година), се определува дека Републичкиот пазарен инспекторат е орган во состав на Министерството за трговија.
4. Според член 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Тоа значи дека со Уставот и законите се определуваат основите и границите во кои можат да се движат органите на државната управа, при што Уставот пропишува обемот на овластувањата на државната управа да може да се димензионира со закон.
Оттука, предвидувањето (во оспорениот член 12 став 3 од Законот) пазарниот инспектор да има овластување да го извршува своето извршно решение кое се однесува на стоки, и тоа да го врши со неспоредна принуда, не е во несогласност со означената уставна одредба(значи, законодавецот може да пропише толкаво овластување за државната управа, а пазарната инспекција потоа само извр шува такво законско овластување).
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.208/98
3 февруари 1998 година
С к о п ј е
ат.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков