У.бр.193/1998

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 81 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.82/90) на седницата одржана на 9 декември 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Момир Момировски од Скопје за заштита на слободите и правата утврдени во член 110 став 3 од Уставот на Република Македонија.

2. Момир Момировски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе барање за остварување на правото за решавање на станбеното прашање како воен инвалид. Имено, во иницијативата изјавува дека и ако тој од 1984 година се обраќа до сите органи со молба да му биде решено станбеното прашање, тоа сеуште не му е решено.

3. Разгледувајќи го барањето, Судот утврди дека тоа не се однесува на основните слободи и права утврдени во член 110 став 3 од Уставот на Република Македонија, според кој Уставниот суд на Република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на слободата на уверувањето, совесно мислење, политичкото здружување и дејствување и забрана на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, вера, национално, социјална и политичка припадност.

4. Со оглед на тоа што барањето не се однесува на заштита на наведените права и слободи, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по него, и одлучи како во точкат 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Јован Проевски д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.193/98)