172/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 октомври 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.231/97, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на седницата од 4 март 1998 година.

2. Ванчо Стаменков од општина Оризари – Кочани, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за преиспитување на Решението У.бр.231/97 од 4 март 1998 година со кое Судот не поведе постапка за оценување законитоста на Одлуката за менување на границата меѓу катастарските општини Кочани и Оризари, донесена од Владата на Република Македонија, затоа што, врз основа на погрешно утврдена фактичка состојба, Судот погрешно го применил материјалното право.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со Решение У.бр.231/97 од 4 март 1998 година не повел постапка за оценување на законитоста на Одлуката за менување на границата меѓу катастарските општини Кочани и Оризари, донесена од Владата на Република Македонија.

Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Со оглед на тоа што Судот не повел постапка за оценување законитоста на Одлуката за менување на границата меѓу катастарските општини Кочани и Оризари, донесена од Владата на Република Македонија, а не наоѓа основи за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.172/98)