Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 септември 1998 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата, во одредбите на член 12 став 2 и 3 од Законот било предвидено дека основачи на општествена организација и здружение на граѓани не можат да бидат лица кои се осудени за кривични дела и тоа: против основите на општественото уредување и безбедноста на СРМ и СФРЈ; против вооружените сили на СФРЈ; против човечноста и меѓународното право; против слободите и правата на човекот и граѓанинот. Забраната за лицата од став 2 на овој член траела пет години од денот на издржаната казна.
Оспорената одредба не била во согласност со член 20 и член 54 став 1 од Уставот на Република Македонија затоа пто тој не предвидувал ваква или слична забрана. Забраната не била предвидена ниту во Законот за политичките партии, а освен тоа не биле пропишани ниту кривичните дела против општественото уредување и безбедноста на СРМ и СФРЈ и против вооружените сили на СФРЈ.
Во одредбите на членовите 35 и 36 од Законот биле предвидени здруженија на странци, а со членот 20 од Уставот била гарантирана слободата на здружување само за граѓаните, што значело дека здруженија во Република Македонија можеле да основаат само граѓани државјани на Република Македонија, а не и странци, како што предвидувале оспорените одредби.
Оспорените одредби не биле терминолошки усогласени со Уставот на Република Македонија, па и од тој аспект биле несогласни со Уставот.
Одредбата на член 36 став 2 не била во согласност и со член 50 став 2 од Уставот затоа што го предвидувала правото на водење управен спор.
Деловите на одредбите на членовите 37 став 1 и 2; член 38 став 1 и член 39 од Законот во кој стоело “динари”, не биле во согласност со Уставот бидејки динарот како платежно средство во Република Македонија не постои.
3. Судот на седницата утврди дека според член 84 од Законот за здруженијата на граѓаните и фондациите (“Службен весник на Република Македонија” бр.31/98), со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат, меѓу другото, Законот за општествени организации и здруженија на граѓани (“Службен весник на Република Македонија” бр.32/83 и 12/90).
4. Согласно член 110 од Уставаот на Република Македони-ја, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот, што значи дека одлучува за согласноста на законите што се во правниот поредок на Републиката, а не и за согласноста на законите што престанале да важат.
Во членот 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), е предвидено дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со оглед на тоа што Законот за општествени организации и здруженија на граѓани престанал да важи, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за водење на постапка, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.86/98)