Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 алинеја 3 и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 20 мај 1998 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на член 19 од Законот за пренамена на заедничките простории во станови (“Службен весник на СРМ” бр. 6/90).
2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на член 19 од Законот означен во точката 1 од ова решение затоа што оспорената одредба не е во согласност со член 1 и 3 и 122 од Уставот затоа што во Република Македонија не постојат згради од станбениот фонд на ЈНА ниту со нив, пак, може да располага Сојузен секретаријат за народна одбрана или, пак, да се применува програмата за станбена изградба на Југословенска народна армија.
3. Судот на седницата утврди дека според член 59 од Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/98) со влегувањето во сила на овој закон покрај другото престанува да важи Законот за пренамена на заеднички простории во станови (“Службен весник на Република Македонија” бр.6/90).
Со оглед на тоа што оспорениот закон престанал да важи, согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата, поради што се одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.79/98)