Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 јули 1997 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на членовите 81 алинеи 2 и 3 и член 82 став 2 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/93).
2. НЕ СЕ УВАЖУВА барањето за изрекување времена мерка со која Судот, до донесувањето на конечн а одлука ќе ги запре од извршување поединечните акти и дејствиа донесени, односно преземени врз основа на оспорениот закон.
3. На Уставниот суд на Република Македонија, Јулијана Димитровска и Трифко Неделковски од Битола, му поднесоа иницијатива за оценување уставноста на членовите 81 алинеи 2 и 3 и член 82 став 2 од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што предвидувале отпишување на долговите со принудна конверзија со што се одземало, односно ограничувало правото на доверителот без надомест, што било спротивно на Уставот на Република Македонија.
Воедно, со иницијативата се бара Судот, до донесување на конечна одлука, да ги запре од извршување поединечните акти и дејствиа донесени односно преземени врз основа на оспорениот закон.
4. Судот на седницата утврди дека со решение У.бр.170/93 од 6 април 1994 година не повел постапка за оценување уставноста на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.
Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата од причини што за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Со оглед на тоа што оспорениот закон бил предмет на оценка пред Судот во целост, па во тој контекст и оспорените одредби од членовите 81 алинеи 2 и 3 и член 82 став 2 за кои оценил дека се согласни со Уставот, а со оглед на тоа дека нема основи за поинакво одлучување, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
Што се однесува до барањето Судот, до донесување на конечна одлука, да ги запре од извршување поединечните акти и дејствиа донесени односно преземени врз основа на оспорениот закон, Судот оцени дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот за изрекување на ваква мерка .
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.15/97)