70/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 14 мај 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за толкување на член 6 став 2 од Законот за трговија (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/96).

2. На Уставниот суд на Република Македонија Љубомир Дионизовиќ од Куманово му поднесе барање, Судот да даде толкување, појаснување и дополнување на оспорениот член од Законот, за тоа дали подносителот имал право да продава кафе на мало на зелен пазар.

3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека не надлежен да одлучува по неа, затоа што со неа не се бара оценување уставноста на оспорениот член од Законот туку, негово толкување.

Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.70/97)