Вовед
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 12 февруари 1997 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на Одлуката за дополнување на Правилникот за систематизација на работните задачи, донесен од Управниот одбор на Д.О.О. “Моша Пијаде” во Струмица на 18 ноември 1996 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Ѓорги Бонев од Струмица му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што во член 4 било предвидено таа да влезе во сила со денот на нејзиното донесување, не по објавувањето на огласна табла.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорениот акт не преставува пропис восмисла на член 110 од Уставот на Република Македонија за кој е надлежен да одлучува.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.12/97)