Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 10 април 1996 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставнсота на член 14 точка 1.2 плаќање со мерач на топлинска енергија за станбен простор, точка 2.2 плаќање со мерач топлинска енергија за школство и точка 3.2 плаќање со мерач за топлинска енергија за корисници на деловен простор, од Одлуката за Ценовник-Тарифа на услугите што ги извршува АД “Топлификација” Скопје преку дистрибуција на топлинска енергија на град Скопје, донесена од Управниот одбор на 13 јули 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Милосија Шекутковска од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што оспорените одредби од Одлуката односно ценовникот не бил во согласност со уставното начело на еднаквост утврдено со член 9 од Уставот на Република Македонија, со оглед на тоа што граѓаните корисници на топлинска енергија кои полаќаат по мерач за користење на топлинска енергија за истата квадратура како и корисниците на топлинска енергија кои плаќаат паушално односно по м.кв. плаќаат многу повисоки цени на кој начин тие се доведуваат во нерамноправна положба.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорениот акт не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија за кој Уставниот суд е надлежен да одлучува, и одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.366/95)