Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 април 1996 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Правното мислење на наплата на затезна камата при присилно извршување, донесено од Врховниот суд на Република Македонија на 26 февруари 1997 година, и
Инструкциите за начинот на пресметување на затезната камата бр.237/1 од 1 март 1996 година и 247/2 од 7 март 1996 година, донесени од директорот на Заводот за платен промет.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Транспортното трговско претпријатие “Делта Трејд” во Штип му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што директорот на Заводот за платен промер со наведените инструкции ги известил сите филијали на Заводот за платен промет како да се пресметува затезна законска камата по основ на судско решение врз основа на правното мислење на Врховниот суд на Република Македонија. Врховниот суд на Република Македонија надвор од рамките на законското овластување се ставил во улага на бранител на несолвентните должници и го донел оспореното правно мислење.
3. Разгледувајќи ги иницијативите, Судот утврди дека со нив не се бара оценување уставноста на закон и уставноста и законитоста на пропис, за што согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд е надлежен да одлучува, туку правно мислење на Врховниот суд, а инструкции на директорот чија законитост е оспорена по својата природа се известување на подрачните единици за правниот став на Врховниот суд.
4. Поради тоа, Судот одлучи како во точкат 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов (У.бр.86/96).