355/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 20 март 1996 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 73 став 2 од Законот за средното образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.44/95) во делот што гласи

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.355/95 од 31 јануари 1996 година, поведе постапка за оценување уставноста на член 73 став 2 од законот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со член 7 став 1, 2 и 3 од Уставот на Република Македонија.

4. На седницата Судот утврди дека според став 1 на член 73 од Законот педагошката евиденција и документација во средните училишта се води и издава на македонски јазик со употреба на кирилското писмо. Според став 2 на член 73 од Законот за учениците кои наставата ја следат на јазиците на националностите, педагошката документација се води и издава на македонски јазик со употреба на кирилското писмо и на јазикот и писмото на националностите, а педагошката евиденција на јазикот и писмото на кој се изведува наставата.

Согласно член 74 став 1 од Законот педагошка, евиденција во средното училиште опфаќа дневник за работа на средното училиште, дневник на паралелката, записници од одржаните испити, како и сите други планирања во воспитно-образовната работа. Според став 2 на член 74 педагошката документација во смисла на овој закон опфаќа главна книга на учениците, свидетелство, уверение за стручно оспособување, уверение за работно оспособување, ученичка книшка и преведница, а според став 3 главната книга за учениците е документ од трајна вредност.

Според член 75 од Законот дипломата, свидетелството, уверението за стручно оспособување, уверението за работно оспособување, ученичката книшка и преведницата се јавни исправи и се издаваат во еден примерок.

5. Според член 7 став 1 од Уставот на Република Македонија, во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Став 2 на овој член предвидува дека во единиците на локалната самоуправа, во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо се јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон, а во став 3 на овој член е предвидено дека во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо се и јазикот и писмото на националностите под услови и на начин утврдени со закон.

Од наведената уставна одредба произлелгува дека во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и тоа на целата територија на Република Македонија. Притоа, Уставот прави разлика помеѓу “службен јазик” и како таков го утврдил македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и “службена употреба на јазикот” при што предвидува во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадници на националностите, службена употреба на нивниот јазик и писмо, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и тоа на начин утврден со закон, а кога припадниците на националностите претставуваат значителен број, службената употреба на нивниот јазик и писмо со закон да се уреди не само начинот туку и условите за употреба.

Определувајќи ја содржината на педагошката документација која опфаќа главна книга на учениците како документ од трајно значење и врз основа на која понатаму се издаваат и свидетелства, ученичка книшка и уверение за стручно оспособување, уверение за работно оспособување и преведница, како јавни исправи Законот определил дека во службената употреба за водење на педагошката документација покрај македонскиот јазик и кирилското писмо ќе биде и јазикот на националностите. Меѓутоа, за педагошката евиденција која е основа за водење на педагошката документација и кои меѓусебно се поврзани и зависни, законот ја исклучил употребата на македонскиот јазик и кирилското писмо и предвидел педагошката евиденција да се води само на јазикот на националностите.

Според Законот во педагошката евиденција спаѓаат дневникот за работа на средното училиште, одделенскиот дневник, записниците од одржаните испити и други планирања на настагвникот. Дневникот за работа на училиштето опфаќа активност на училиштето во текот на учебната година како што е почетокот и завршетокот на школската година, почетокот и завршетокот на школскиот распуст, патрониот празник, екскурзиите на учениците, денот на просвеетните работници, воншколските активности и натпревари, соработка со другите училишта, наградувањето на училиштето и други слични дејности. Одделенскиот дневник опфаќа податоци за името, прзимето на ученикот и родителот, предметите што се изучуваат во училиштето, евидентирање на присутноста и отсутноста, оценувањето на ученикот, содржината на часот односно што се предава на часот.Записникот од одржаниот испит содржи податоци за името и презимето на ученикот, предметот што го полага, прашањата, одговорот, оценката како и составот на комисијата што го води испитот. На крајот другите планирања на наставникот опфаќаат дневник што задолжително треба да го води наставникот во секојдневното планирање на наставниот час.

Според мислењето на Судот поаѓајќи од содржината на член 74 од Законот во кој педагошката евиденција во средното училиште опфаќа дневник за работа во средното училиште, дневник на паралелката, записници од одржаните испити како и сите други планирања во воспитно-образовната работа претставува службено-административна работа која по својата суштина значи регистрирање на определени наставни содржини, односно регистрирање на изведувањето на наставата и оценувањето на учениците по предметите и како таква таа понатаму претставува извор на педагошката документација како основа за издавање на соодветни јавни исправи. Што значи дека педагошката евиденција и педагошката документација се неразделни содржини на службено-административната работа на училиштата како јавни институции, поради што постои и задолжителна обврска за употреба на македонскиот јазик и кирилското писмо и при водењето на педагошката документација и при водењето на педагошката евиденција.

Со оглед на тоа што во член 73 став 2 во означениот дел од Законот е предвидено педагошката евиденција да се води само на јазикот и писмото на кој се изведуа наставата, Судот оцени дека тој не е во согласност со член 7 од Уставот на Република Македонија.

6. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Ова одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.355/95)