25/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 и член 28 став 1 алинја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 февруари 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Статутот на “Југотутун” АД Мара Димова во Кавадарци, донесен од Собранието на 25 ноември 1991 година, Одлуката за извршен избор на орган на управување и Одлуката за измена и дополнување на Статутот.

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Илија Ефремов од Кавадарци, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што во текот на постапката за трансформирање на општествено претпријатие во акционерско друштво се повредени правата на основачите и правата на вработените во делот на општественото претпријатие во одлучувањето и управувањето со друштвото.

3. разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорените акти не претставуваат прописи во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, за кој Уставниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува, порадиј што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.25/96)