319/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 6 декември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката бр. 2 од 3 април 1980 година за обезбедување средства за изградба на водовод, Одлуката бр. 3 од 5 мај 1981 година за обезбедување средства за доградба на водовод и Одлуката бр. 3 од 12 ноември 1981 година за обезбедување на средства за доградба на водовод, донесени на собир на работните луѓе и граѓаните на Месната заедница “Слога” од с. Злеово – Радовиш.
2. На Уставниот суд на Републи ка Македонија Петко Стојменов од с.Злеово Радовиш му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуките означени во точката 1 од ова решение, затоа што со нив се воведувал местен самопридонес без да се одржи референдум и без да се води сметка за материјалните можности на граѓаните, што не било во согласност со Уставот и со закон. Во иницијативата подносителот побара да му бидат вратени присилно одземените предмети.
3. На седницата Судот утврди дека со Решение У. бр.12/81 од 7 мај 1981 година и Решение У.бр.170/83 од 9 ноември 1983 година, оценувајќи ја уставноста и законитоста на оспорените одлуки, не повел постапка затоа што оценил дека со нив не се воведува местен самопридонес туку друг облик на добороволно собирање средства на граѓаните допуштен во член 133 од Уставот на СРМ кој важел во време на донесување на одлуките и дека ги обврзува само граѓаните кои на собир се изјасниле за таков облик на собирање средства.
4. Со оглед на тоа што за истата работа Судот веќе одлучувал, и сега не наоѓа причини за поинакво одлучување како и со оглед на тоа што за враќање на присилно одземените предмети согласно член 110 од Уставот на Република Македонија овој суд не е надлежен да одлучува, одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение го донесе Суд от во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр. 319/95