332/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата од 22 ноември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Решението бр.05419-00 од 25 јуни 1995 година, донесено од Јавното претпријатие за стопанистување со станбен и деловен простор на Република Македонија – Скопје – Подрачна единица во Битола.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Трговската работна организација “Јавор-Репроматеријали” ДОО во стечај – Битола, му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на решението означено во точката 1 на ова решение затоа што со него се задирало во сопственичките права на Претпријатието, што му биле загарантирани со Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека со оспореното решение се задолжува Трговската работна организација “Јавор-Репроматеријали” од Битола, да плати придонес за користење на градско земјиште за прво полугодие на 1995 година како корисник на тоа за изграден користен деловен простор во површина од 20,62м2, износот од 186,оо (стоосумдесеишест) денари на жиро сметка 40300-842-002-406 (преодна сметка на придонесот за користење на градско земјиште).
Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Македонија, меѓу другото, ја оценува уставноста на законите и уставноста и законитоста на другите прописи и колективни договори.
Со оглед на тоа што оспореното решение не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува за неговата согласност со Уставот и со закон, па одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од пр етседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.332/95