316/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 22 ноември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на член 8 став 1 точка 1 и 11 од Правилникот за дисциплинска и материјална одговорност на работниците во А.Д. “Тутунски комбинат”-Прилеп, донесен од Управниот одбор на 5 февруари 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Димче Ѓорчевски од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на член 8 став 1 точка 1 и 11 од актот означен во точка 1 од ова решение, затоа што тој не бил во согласност со Уставот и закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорениот правилник нема карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што оцени дека не е надлежен да одлучува за неговата согласност со Уставот и законот.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахр и Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.316/95