Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 12 и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 1 ноември 1995 година.
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1.СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста
на членовите 79-82, 86,87 и 89-99 од Деловникот на Уставниот
суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Ма-
кедонија” бр.70/92).
2.На Уставниот суд на Република Македонија Мице Та-
шевски од Титов Велес му поднесе иницијатива со барање да пове-
де постапка за оценување уставноста на одредбите на деловникот
означени во точката 1 од ова решение затоа што со нив се уреду-
ваат прашања кои според својата природа и значење требало да бидат уредени со закон, што не било согласно со Уставот на Република Македонија.
3.На седницата Судот утврди дека со оспорените одредби од Деловникот се уредуваат прашања во врска со правното
дејство на одлуките на Уставниот суд, извршувањето на одлуките на Уставниот суд и неговата внатрешна организација.
4.Согласно член 13 од Деловникот, подносителот на
иницијативата и доносителот на оспорениот акт се учесници во
постапката пред Уставниот суд.Во член 28 алинеја 3 од овој деловник е предвидено дека Уставниот суд ке ја отфрли иницијативата ако постојат дру- ги процесни пречки за одлучување.Од наведените одредби од Деловникот произлегува де- ка Уставниот суд на Република Македонија, како доносител на оспорениот акт, врз основа на член 113 од Уставот, во постап-ката пред Судот, едновремено треба да се јави и како учесник во постапката и како суд кој ја оценува уставноста на актотшто самиот го донел, поради што оцени дека постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.Имајки го предвид изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од прет-седателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.299/95
1 ноември 1995 година
С к о п ј е