259/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 септември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 6 став 2 од Законот за трговија (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/95).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Здружението на трговски работници “Преродба-95” од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбата од член 6 став 2 од Законот означен во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата со оспорената одредба на Законот, на пазарите на кои се вршела трговија на мало, можело да се врши исклучиво продажба на земјоделски производи,млеко и млечни производи, риба, живина, лековити растенија, цвеќе,галантерија и бижутерија, мед, грнчарски производи, а не и на други производи како што е конфекција, ситен алат, школски прибор, резервни делови за автомобили и бела техника, електроинсталациони материјали и други слични производи потребни во домаќинствата и секојдневниот живот. Овие трговци својата дејност-трговија на мало ја вршеле на пазарите на тезги, секојдневно. За својата дејност плаќале данок и други давачки. Со оглед на тоа што со оспорената одредба не е опфатено овој вид трговија на мало, таа не била во согласност со член 55 од Уставот.
Со оспорената одредба биле повластени трговците на мало кои на пазарите можеле и понатаму да ги продаваат производите наведени во оваа одредба, а Републиката била должна да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката била должна да презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот, па според тоа таа не била восогласност и со овие уставни начела.
3. Судот на седницата утврди дека според член 6 од Законот, на пазарот на кои се даваат услуги за вршење трговија на големо, може да се врши исклучиво продажба на земјоделски производи.
Според оспорената одредба на став 2 од овој член, на пазарите на кои се даваат услуги за вршење трговија на мало, може да се врши исклучиво продажба на земјоделски производи, млеко и млечни производи, риба, живина, лековити растенија, цвеќе, галантерија и бижутерија, мед и грнчарски производи.
Според став 3 од овој член продажбата на земјоделските производи се врши одделно од продажбата на другите производи од став 2 на овој член, а според ставот 4 продажбата на млеко, млечни производи и риба од став 2 на овој член се врши во посебни простории, наменети исклучително за продажба на тие производи.
На посебно организирани пазари кои ќе работат еден ден во текот на неделата можат да се врши трговија на мало на стари моторни возила и стари авто делови.
Продажба на добиток се врши на посебно организирани пазари.
За продажба на стари предмети, можат да се организираат посебни пзари кои ќе работат еден ден во текот на наделата, што ќе го определат органите на единицата на локалната самоуправа.
Со членот 7 од Законот е предвидено дека трговецот кој организира пазари на кои се даваат услуги за вршење трговија на големо и мало е должен да утврди и истакне пазарен ред, а според ставот 2 од овој член трговецот е должен да се придржува на пазарниот ред.
Според членот 8 од Законот на пазарите на големо може да се врши само трговија на големо, а на пазарите на мало само трговија на мало, а според член 9, забрането е вршење на трговија на производи на големо и мало и давање услуги во трговија надвор од просториите и просторите во кои е одобрено вршењето на дејноста.
Со член 10 од Законот е предвидено дека за вршење на трговија, трговецот мора да обезбеди продажните објекти во кои се врши трговија на големо и мало, да ги исполнуваат пропишаните минимално-технички и хигиено-санитарни услови, по предходно извршен технички преглед и добиена употребна дозвола за објектот, а според ставот 2, покрај условите од ставот 1 од овој член, трговецот мора да обезбеди продажните објекти да ги исполнуваат условите пропишани со Законот за инвестициона изградба на објекти, за заштита при работа, заштита и унапредуваање на животната средина, против пожарна заштита и заштита од бучавата.
Минимално-техничките услови ги пропишува министерот за стопанство, а хигиенско-санитарните услови ги пропишува министерот за здравство.
Понатаму, во овој дел од Законот се утврдени обврски на трговецот да води евиденција за набавка и продажба на производите и вршење на услугите, да истакне цена и правата на потрошувачите на рекламација на производите и услугите.
Во третиот дел од Законот се дефинираат и пропишуваат меркие против монополската положба и монополското однесување на пазарот и ограничување на слободата на пазарот и претприемаштвото.
4. Според член 55 став 1 од Уставот на Република Македонија, се гарантира слободата на пазарот и претприемаштвото. Според ставот 2, Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субкекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Според став 3 слободата на пазарот и претприемаштвото можат да се органичат единствено заради одбраната на Републиката, зачувување на природата и животната средина или здравјето на луѓето.
Со членот 57 од Уставот е предвидено дека Републиката го потикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој; како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја.
Од наведените уставни одредби произлегува дека основните принципи слободата на пазарот и претпиремаштвото и правната еднаквост на сите субјекти на пазарот создаваат забрана за државата во процесот на остварувањето на нејзината улога на регулатор на односите во економската свера за создавање било какви органичувања во одвивањето на економските токови, освен во случаите и под условите што се непосредно утврдени во Уставот, а во вршењето на нејзината заштитна функција овие принципи ја обврзуваат државата на еднаков правен третман на сите субјекти на пазарот. Меѓутоа, имајќи ги предвид и другите уставни вре дности во економската сфера, чие остварување често се коси или сосема се исклучува со асполутното остварување на слободатана пазарот и претприемаштвото (спречување на монополската положба и однесување на одделни субјекти, одбраната на земјата, заштитата на природата и животната средина и здравјето на луѓето), регулативната функција на државата во економските односи значи не само обврска со закон да обезбеди остварување на овие принципи, тутку и забрана при создавање на нормативните претпоставки за уредување на економскиот систем, да пропишува и други основи и други услови за ограничување на слободата на пазарот, без оглед на нивната економска оправданост.
Покрај наведените овластувања за ограничување на слободата и пзарот и претприемаштвото, Уставот создава непосредна обврска за Републиката, со мерки на економската политика да го потикнува општиот економски напредок. Суштината на ваквото овластување претставува спречување на непожелни состојби што можат да бидат создадени со слободното дејствување на економските законитости. Тоа, пак, подразбира вмешување на државата во стихијното дејствување на пазарните законитости, односно ограничување на слободата на пазарот и претприемаштвото заради постигнување на наведената цел.
Во рамките на овие мерки, како и во рамките на уставните принципи за ограничување на пазарот и претприемаштвото Републиката, според мислењето на Судот може да ги пропишува и условите и начинот за вршење на трговијата.
Судот смета дека уставниот принцип според кој сите субјекти на пазарот се рамноправни во вршењето на својата дејност и според кој нивната различна положба може да призлегува единствено од законитостите на пазарот, создава уставна обврска за Републиката, при законското уредување на условите за вршење определени дејности да обезбеди еднаква положба на сите субјекти што ја вршат соодветната дејност. Судот, понатаму, смета дека во рамките на уредувањето на условите за вршење на определени дејности, во зависност од нивните специфичности, со закон можат да се утврдат и специфични услови, но при тоа мора да се обезбеди тие еднакво да се однесуваат на сите субјекти кои ја вршат соодветната дејност.
Законот за трговија определувајќи ги условите за вршење на трговската дејност посебно ги уредува условите за трговијата на големо, трговијата во транзит и трговијата на мало. Во зависност од видот и специфи чносите на трговијата ги пропишува и посебните услови за вршење на оваа дејност. Во таа смисла не е ни можна апсолутна еднаквост на сите субјекти на пазарот, туку еднаквоста треба да произлегува од специфичностите на дејноста. При тоа во поглед на просторните услови за вршење на дејноста сите субјекти се еднакви (трговијата се врши во посебно определени простории и простори, освен трговијата во транзит, по пошта, од врата до врата, саеми, приредби и слично и со продажни автомати). Законот посебно ги определува условите и начинот за вршење на трговија на мало на пазарите како простори на кои се даваат услуги за вршење на оваа дејност и при тоа децидно ги определува производите, што се продаваат на пазарите, а не субјектите.
Од друга страна, условот тргови јата на големо и трговијата на мало да се врши во посебно определени простории и простори се однесува на сите субјекти на пазарот, па според тоа и на граѓаните кои вршат трговска дејност, а немаат свој деловен простор, туку таквата дејност ја вршеле на пазарите. Со тоа што со оспорената одредба не се предвидува прода жба на пазарите и на други производи Судот смета дека не се ограничува слободата на пазарот и претприемаштвото, ниту пак се повредува принципот на еднаква правна положба на субјектите на пазарот затоа што определбата определени производи да можат да се продаваат на пазарите произлегува од нивната специфичност и начинот и условите за продажба на тие производи се однесува на сите субјекти што ја вршат соодветната дејност.
Понатаму, при извршувањето на регулативната функција во економските односи државата е должна да го има предвид остварувањето и на другите уставни вредности, во прв ред здравјето на луѓето, зачувувањето на природата и животната средина. Во таа смисла, според мислењето на Судот определувањето на условите и начинот за вршење на трговијата имаат своја основа и во остварувањето на овие уставни вредности.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевскии судиите Бахри Исљ ами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.259/95