Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на сединицата одржана на 5 јули 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на членовите 205-212 од Законот за органите на управата со Законот за работни односи.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Ристо Брчкоски од Гостивар, му поднесе иницијатива за оценување на меѓуебната согласност на членовите 205-212 од Законот за органите на управата со Зконот за работните односи.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утрди дека со неа се бара оценка на меѓусебна согласност на два закона за што согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Судот не е надлежен да одлучува.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.234/95