196/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставотна Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот наУставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на РепубликаМакедонија” бр.70/92), на седницата одржана на 7 јуни 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на примената на членовите 13 и 15 од Законот за станбени односи.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Кире Гештаковски од Ресен му поднесе иницијатива со која бара, согласно членовите 13 и 15 од Законот за станбени односи, Судот да донесе решение за отказ на Договор за противправниот откуп на општествен стан на Ул. “11 Октомври” бр.10, зграда А-1 во Ресен од страна на купувачот Никола Наумовски. Понатаму, во иницијативата се наведува дека лицето Никола Наумовски поседувал индивидуална станбена зграда, трособен приватен стан – сопственост на неговата сопруга, двособен приватен стан во Скопје и оспорениот стан во Ресен за што во Општинскиот суд во Ресен се води постапка за отказ на Договорот за откуп на станот, но дека постапката бавно се одвивала. Во меѓувреме било нарушено неговото право и спокојство од страна на општинската власт која го прикривала незаконскиот откуп на општествените станови во општина Ресен.
3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот оцени дека подносителот приговара на примената на членовите 13 и 15 од Законот за станбени односи за што согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд не е надлежен да одлучува.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никола Крлески, Олга Лазова, Д-р Стојмен Михајловски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов.У.бр.196/95