Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 12 јули 1995 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1.СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за промена на имињата на улици во Прилеп, донесена од Собранието на Ошптина Прилеп на 19 февруари 1992 година.
2.Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3.Уставниот суд на Република Македонија по поднесена иницијатива на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија во Прилеп,поведе остапка за оценување уставноста на одлуката означена во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот.
4.Судот на седницата утврди дека врз основа на член 233 од Статутот на Ошптината Прилеп и член 14 од Одлуката за времено организирање на Ошптина Прилеп, Собранието на Општината на 19 февруари 1992 година ја донело оспорената одлука и со неа е извршено преименување на 57 улици во Прилеп.
5.Согласно Амандманот I XIX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија општините и градската заедница повеќе немаат статус на ошптествено-политички заедници што го имаа дотогаш, кога во рамките на нивните надлежности беа овластени да ги определуваат називите на одделни улици, плоштади, булевари и мостови утврдени со општите акти на поранешните собранија и на Собранието на град Скопје. Согласно споменатиот Амандман, тие се конституираа како самоуправни заедници со надлежности утврдени со Уставот и со закон. Според член 8 од Уставниот закон за спроведување на Амандамн I VP до I XIX, дотогапшите прописи на ошптините и на град Скопје продолжија да се применуваат како републички прописи, а овластувањата што ги имаа како државни органи преминаа на соодветни органи на Републиката. Според тоа и овластувањето на ошптините и градот за определување на називите на улжцте, плоштадите, булеварите и мостовите премина во надлежност на органите на Републиката.Ваквиот концепт е утврден со Уставот на Република Македонија од 1991 година. Со членот 114 став 1 од Уставот на Република Македонија, на граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа. Според став 2 на овој член единиците на локалната самоуправа се општините. Според став 5 на овој член, локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Според членот 115 став 1 од Уставот, во единиЦите на локалната самоуправа, граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашањата од локално значење, особено во областите на урбанизмот, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното воспитание, основното образование, основната здравствена зашита и други области утврдени со закон. Поаѓајќи од изнесената уставна концепција, ошптината како единжца на локалната самоуправа не е надлежна нормативно да ги уредува прашањата кои се однесуваат на имињата на називите на улиците. Изворната надлежност на ошптината, покрај тоа што се утврдува со Уставот, во други области може да се утврди со закон, а републиката со закон може да и довери вршење на определени работи од својата надлежност.Со оглед на тоа што со Уставот не е предвидена надлежност на единиците на локалната самоуправа со статут или со деловник како општи акти да ги уредуваат прашањата за определување на називите на улиците, Судот утврди дека оспорената одлука не е во согласност со Уставот.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
8. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.207/94
1 јуни 1995 година
С к о п ј е