Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 24 мај 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 19 став 2 од Законот за општествена заштита на децата (“Службен весник на СРМ” бр.6/81, 40/87 и 17/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр.38/91 и 12/93).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Гоце Симовски од Битола му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на членот 19 став 2 од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што предвидувал само првите три деца да можат да бидат корисници на детски додаток, што не било согласно со Уставот на Република Македонија.
3. Судот на седницата утврди дека согласно оспорената одредба од член 19 став 2 од Законот корисници на додаток на деца се првите три деца по редот на раѓање, најдоцна до навршени 26 години од животот, доколку се на редовно школување.
4. Согласно член 41 став 1 од Уставот, право е на човекот слободно да одлучува за создавање на деца.
Ставот 2 на овој член од Уставот, предвидува Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, да води хумана популациона политика.
Според став 1 на член 40 од Уставот, Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.
Ставот 3 на овој член предвидува право и должност на родителите да се грижат за издржување и воспитување на децата.
Од наведените уставни одредби произлегува дека човекот има право слободно да одлучува за создавање на деца, меѓутоа, тој, како родител, покрај правото има и примарна должност и одговорност да се грижи за подигнувањето и развојот на децата, доодека Републиката, во рамките на своите можности, во зависност од економскиот и социјалниот развој, им дава соодветна помош на родителите, во обезбедувањто на финансиски средства заради подобрувањето на условите за живот потребни за развојот на детето.
Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека членот 19 став 2 од Законот е согласен со Уставот, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претсе дателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр. 154/95