30/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 април 1995 година,донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на
а) Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Претпријатието во општествена сопственост за стопанисување со шуми “Бигла”-Демир Хисар, донесен од Работничкиот совет на 6 април 1994 година.
б) Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Претпријатието во општествена сопственост за стопанисување со шуми “Бигла”-Демир Хисар, донесен од Работничкиот совет на 7 октомври 1994 година.
в) Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места, на истото претпријатие, донесен од Работничкиот совет на 30 декември 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, адвокат М-р Љубе Неделковски од Битола му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што со нив биле извршени измени на Правилникот за систематизација на работните места во Претпријатието во поглед на стручната подготовка на начин што стручната подготовка, независно од процесот на трудот, се подигала само за некои работни места и тоа без да се утврди и видот, односно н асоката на образованието, што не било во согласност со Законот за работните односи, Општиот колективен договор и Колективниот договор за шумарство и дрвна индустрија. Измените и дополнувањата се однесувале за работните места кои според карактерот на работните зада чи биле класифицирани според Единствената номенклатура на занимања во СФРЈ (“Службен лист на СФРЈ” бр.31/90) со низок степен на сложеност, а со цел група работници да се прераспоредат на други работни места.
3. Судот на седницата утврди дека оспорените акти не се прописи во смисла на одредбите од членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија, туку претставуваат интерни акти на претпријатието, поради што, оцени дека не е надлежен да одлучува за нивната согласност со Уставот и Законот за работните односи.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никола Крлески, Олга Лазова, Д-р Стојмен Михајл овски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов. У.бр.30/95