70/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 став 1 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 5 април 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на правилникот за дисциплинска одговорност бр.14-4795/1 донесен од министерот за одбрана на 29 септември 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Стамен Филипов од Скопје му поднесе иницијатива за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што согласно членовите 17 и 27 од Законот за одбрана, министерот за одбрана не бил овластен да донесува правилник за дисциплина во Армијата, туку такво овластување согласно член 15 точка 17 од Законот имал претседателот на Републиката како врховен командант на вооружените сили на Македонија.
3. На седницата Судот утврди дека министерот за одбрана донесол Правилник за ставање вон сила на Правилникот за дисциплинска одговорност бр.01-984/1 од 10 март 1995 година со кој се става вон сила Правилникот за дисциплинска одговорност бр.14-4795/1 од 29 септември 1994 година.
4. Сои оглед на тоа што оспорениот Правилник е ставен вон сила и престанал да се применува, согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение, Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.70/95).