58/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 5 април 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за измени и дополнување на Правилникот за организација и систематизацја со опис и попис на работните задачи на работниците во АД “Мода” во Свети Николе, донесена од Управнииот одбор на 3 ноември 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Јован Бочваров од Свети Николе му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со неа било предвидено работното место директор на секторот за правни, кадровски и општи работи утврдено во член 94 од Статутот на Друштвото, да се брише, а такви измени може да изврши само Собранието на Друштвото со статутарна одлука за измени на Статутот, а не Управниот одбор со одлука за измени на Правилникот за систематизација, што не било во согласност со закон.
3. Судот на седницата утврди дека оспорената одлука на Акционерското друштво во мешовита сопственост “Мода” во Свети Николе не е пропис во смисла на одредбите од членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија и е неподобна за уставно-судска оценка, поради што најде дека не е надлежен да одлучува за неговата согласност со Уставот и законите.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.58/95