60/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 став 1 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 5 април 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на точка 199 став 2, точка 204 став 3 алинеја 6 и точка 210 од Правилото на службата на вооружените сили бр. 941 од 29 октомври 1985 година и бр.852 од 11 октомври 1989 година, донесено од Претседателството на СФРЈ.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Чедомир Миленковиќ од Скопје му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на одредбите од актот озна чен во точката 1 од ова решение, затоа што со нив било пропишано дека должноста на органите на внатрешната служба траела 24 часа и дека при организација на службата дежурство во единиците (командите, штабовите и установите) се поаѓало од следното: службата дежурство траела 24 часа непрекинато, што не било во согласност со членот 32 став 4 и 5 од Уставот и со членовите 40 став 1, 41 став 1 и 46 од Законот за работните односи, а со тоа на лицата кои дежурале непрекинато 24 часа не им бил обезбеден одмор во текот на дневната работа ниту одмор меѓу два последователни работни денови, неделен одмор од најмалку 24 часа непрекинато итн..
3. Судот на седницата утврди дека претседателот на Република Македонија донесе Правило за службата во Армијата на Република Македонија бр.09-6/1 од 9 март 1995 година, со кое престана да се применува Правилото за служба во вооружените сили бр. 941 од 29.10.1985 година, Правилото за изменување и дополнување на Правилото за служба во вооружените сили бр. 852 од 11.10.1989 година и Правилото за изменување и дополнување на Правилото за служба во вооружените сили бр. 96 од 22.01.1991 година, донесени од Претседателството на СФРЈ.
4. Со оглед на тоа што оспореното Правило престанало да се применува, согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никола Крлески, Олга Лазова, Д-р Стојмен Михајловски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов. У.бр.60/95