26/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за по ведување постапка за оценување законитоста на Одлуката на Владата на Република Македонија бр.23-2775/1 од 12 декември 1994 година со која се поништува решението за престанување на дејноста на групата за математика-физика на Педагошката академија “Св.Климент Охридски” во Скопје, бр.11-4447 од 31 август 1993 година и за поништување на то чката 1 потточка в) алинеја 1 од решението бр.11-1599/3 од 21 јуни 1994 година, донесени од министерот за образование и физичка култура.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Томислав Стојановски од Куманово и Кирил Андоновски од Скопје му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што според нив Владата ги пречекорила овластувањата од член 34 од Законот за Владата на Република Македонија, со кој било дадено право и должност на Владата да укине или поништи пропис или друг акт на органите на управата кои не биле во согласност со Устав или биле во спротивност со закон или друг пропис на Собранието односно на Владата. Со оглед дека министерот ја извршил својата задача согласно законски овластувања, Владата не можела да цени дали биле создадени услови за укинување на наставата на групата математика-физика на Педагошката академија , туку оваа оценка била исклучиво право на министерот.
3. На седницата Судот утврди дека врз основа на член 34 од Законот за Владата на Република Македонија, Владата ја донела оспорената одлука според која: 1. се поништува решението за престанување на дејноста на групата за математика-физика на Педагошката академија “Св.Климент Охридски” во Скопје, донесено од министерот за образование и физичка култура бр.11-4447 од 31.08.1993 година, и 2. се поништува точката 1, потточка в), алинеја 1 од Решението бр.11-1599/3 од 21.06.1994 година, донесено од министерот за образование и физичка култура.
4. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот оцени дека според содржината, оспорената одлука нема карактер на општ акт кој согласно член 110 од Уставот , подлежи на уставно-судска оценка, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.26/95