83/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за придонесот за користење на град ско земјиште на подрачјето на Општина Битола (“Службен глас ник на Општина Битола” бр.6/87,28/87,15/89,4/91 и 4/94).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Дими трие Несторовски од Битола му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста .на актот означен во точката 1 од ова решение, а аргументацијата за нејзината неуставност и незако нитост се темели на тврдењето дека плакањето на придонесот за користење на градежното земјиште било паралелно со плакањето данок на имот за истите недвижности. Разгледувајки ја иницијативата Судот утврди де ка Уставниот суд со решение У.бр.161/94 од 25 октомври 1994 го дина не повел постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорената одлука, поради тоа што оценил дека има уставна и законска основа собранието на општината со своја одлука да ја утврди висината и начинот на плакањето на надоместоците за употреба и за уредување на градежното земјиште.
4. Со оглед на тоа што Судот веке одлучувал и не повел постапка за оценување уставноста и законитоста на оспо рената одлука, а нема основи за поинакво одлучување, согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судо т го донесе во состав од претседа- телот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Ни- кола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.83/95, 84/95, 85/95 и 86/95
22 март година
С к о п ј е