95/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и врз основа на член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 8 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на меѓусебната согласност на Правилникот за решавање на станбените потреби на работниците, донесен од Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински ценгар “Титов Велес” – Титов Велес, на 26 декември 1994 година со Општествен договор за заедничките критериуми и мерила за решавање на станбените потреби на работниците во организациите на здружен труд и работните заедници во Општината Титов Велес (“Службен гласник на Општина Титов Велес” бр.3/87).
2. На Уставниот суд на Република Македонија Драган Кочовски од Титов Велес му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што членовите 8, 9, 10, 12, 13, 14, 15 и 16 биле во спротивност со Општествениот договор за заедничките критериуми и мерила за решавање на станбените потреби на работниците во организациите на здружен труд и работните заедници во Општината Титов Велес (“Службен гласник на Општина Титов Велес” бр.3/87).
3. На седницата Судот утврди дека Уставниот суд со решение У.бр.36/95 од 22 февруари 1995 година, ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорениот правилник, поради тоа што Уставниот суд согласно член 110 од Уставот не е надлежен да одлучува за меѓусебната согласност на општите акти.
4. Со оглед на тоа што Судот веќе одлучувал и ја отфрлил иницијативата за поведување постапка за оценување на согласноста на оспорениот правилник со Општествениот договор, согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.95/95):