206/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 47 алинеја 4 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 февруари 1995 година,

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на
а) точките II /12, IV и V /б од Конкурсот за запишување студенти на прва година на факултетите и вишите школи на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје и Универзитетот “Св.Климент Охридски” во Битола во учебната 1993/94 година и
б) точките II /12, IV, V и VI /в од Конкурсот за запишување студенти на прва година на факултетите и вишите школи на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје и Универзитетот “Св.Климент Охридски” во Битола во учебната 1994/95 година.
2. Уставниот суд на Република Македонија, со решение У.бр.206/93 од 7 септември 1994 година и од 16 ноември 1994 година, поведе постапка за оценување уставноста на одредбите од конкурсите означени во точката 1 од ова решение. Постапката беше поведена затоа што се постави прашањето за неговата согласност со членовите 9 и 44 од Уставот на Република Македонија.
3. На седницата Судот утврди дека според точката II/12 од наведените конкурси, доколку при рангирањето на кандидатите се констатира д ека во вкупниот број на примени кандидати не се застапени најмалку 10% кандидати од националностите во Република Македонија, а на ранг-листата има кандидати со најмалку 60 бодови по сите основи, високообразовната установа врши прием на вакви кандидати надвор од квотата, најмногу до 10% од бројот на редовните студенти.
На седницата Судот, исто така, утврди дека со одредбите од точката IV од Конкурсот за 1993/94 година односно со точката IV од Конкурсот за 1994/95 година е предвидено:

“1. На високообразовните установи како редовни студенти да се запишуваат и кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување и се согласуваат сами да поднесуваат дел од трошоците за своето студирање.

2. Кандидатите од точка 1 може да се запишат во оваа категорија доколку успешно го положат квалификациониот испит, односно освојат минимум 60 поени по сите основи, а поради ограничената квота н е се запишани на соодветната високообразовна установа.

3. Бројот на студентите со партиципација во финансирањето да изнесува најмногу до 30% од бројот на редовните студенти на високообразовната установа.

4. Листата на примените кандидати од оваа категорија студенти да ја утврдува и да ја објавува конкурсната комисија на високообразовната установа.

5. Запишувањето на кандидатите со партиципација во финансирањето да се врши по завршувањето на првиот, односно на вториот уписен рок (односно по п ополнувањето на целата квота за редовни студенти). Високообразовната установа објавува список на кандидатите кои го исполнуваат основниот услов за запишување во оваа категорија (постигнати минимум 60 поени).
6. Во согласност со точ ка 5, заинтересираните кандидати поднесуваат барање за запишување и согласност за партиципирање во трошоците за студирање.
7. Износот на трошоците за студентите со партиципација во финансирањето се определува во висина на средствата за материјални трошоци и за остварување на наставно-образовната дејност на соодветната високообразовна установа”.
Со точката V од Конкурсот за 1994/95 година е предвидено:

“1. На високообразовните установи како редовни студенти се запишуваат и кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување и се согласуваат да ги поднесуваат трошоците за своето студирање.
2. Кандидатите од точка 1 може да се запишат во оваа категорија доколку го положат квалификациониот испит.
3. Бројот на студентите со поднесување на трошоците за студирање изнесува најмногу до 30% од бројот на редовните студенти на високобразовната установа.
4. Листата на примените кандидати од оваа категорија студенти ја утврдува и објавува конкурсната комисија на високообразовната установа”.
Со точката V /б од конкурсот за 1993/94 година односно точката VI /в од Конкурсот за 1994/95 година е определено дека:
“1. Кандидатите чии родители се наши иселеници и кандидатите државјани на Република Македонија, кои средното образование го завршиле во странство (последните 2 години) , се запишуваат со полагање квалификационен испит, како и сите други кандидати за запишување, надвор од квотата и нивниот број изнесува најмногу до 10% од бројот на редовните студенти на соодветната високообразовна установа. Овие кандидати се запишуваат по посебна ранг-листа.
2. Кандидатите од то чка 1 плаќаат школарина во висина на износот утврден за студентите со партиципација во финансирањето на трошоците за студирање.
3. Кандидатите од точка 1 можат да се запишуваат и во рамките на квотата утврдена во Конкурсот и во тој случај се пријавуваат на високообразовната установа и не плаќаат школарина.
4. Кандидатите државјани на Република Македонија кои помалку од 2 години од средното образование го завршиле во странство, се запишуваат под истите услови и критериуми како и кандидатите со завршено средно образование во Република Македонија”.
4. Според член 9 од Уставот на Република Македонија, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествена положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Според член 44 став 1 од Уставот на Република Македонија секој има право на образование, според став 2, образованието е достапно секому под еднакви услови, а со ставот 3 од овој член се одреддува дека основното образование е задолжително и бесплатно.
Со член 46 од Уставот, на универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот се утврдуваат со закон.
Според член 86 став 1 од Законот за насоченото образование (“Службен весник на СРМ” бр.16/85, 2/86, 29/86, 7/88, 18/89, 29/89, 10/90, 12/90, 29/90, 11/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр.40/91), план за запишување на студенти изработува секоја организација за насочено образование врз основа на утврдени образовни потреби на организациите, пошироките потреби на опшеството и личните интереси на студентите. Според член 191 став 1 алниеја 4 од овој Закон, како основ за стекнување на доход на високообразовната организација се предвидува и вршењето на услуги за задоволување на образовните потреби на граѓаните. Во член 196 од Законот е предвидено дека граѓаните можат своите лични потреби и интереси во областа на насоченото образование да ги остваруваат во непосредни односи со организациите за насочено образование, под услови што ги утврдува заедницата на насочено образование во која е здружена организацијата за насочено образование.
Од наведените уставни одредби произлегува дека универзитетите во Република Македонија, во рамките на со Уставот загарантираната автономија, можат со своите акти да го утврдуваат бројот на студентите за запишување на прва година на факултетите и вишите школи како и условите за тоа запишување. Притоа, уставното начело на еднаквост на граѓаните, како и уставното право на образовнание под еднакви услови, ги обврзуваат универзитетите условите за запишување на студентите во прва година на факултетите и вишите школи, како елемент на условите за студирање воопшто, да бидат еднакви за сите студенти и да овозможуваат нивно рангирање со примена на исти критериуми.
Според мислењето на Судот, утврдувањето на посебната квота во која можат да се запишат припадниците на национално стите, под услов да се застапени под 10% од општата квота студенти, не претставува повреда на уставниот принцип на еднаквост ниту на уставната гаранција за правото на образование под еднакви услови, затоа што: прво, условите за запишување и во едната и во другата квота се иденти чни (положен квалификационен испит и освоени најмалку 60 бодови по сите основи) и второ, затоа што со запишувањето на припадниците на националностите во посебната квота не се намалува бројот на студенти што можат да се запишат во општата квота, ниту пак се намалуваат средствата за нивно студирање ниту пак на некој друг начин се отежнуваат условите за нивното студирање.
Во поглед на оспорените одредби од конкурсите со кои се овозможува запишување во посебна квота на студенти кои средното образование го завршиле во странство и посебна квота на студенти кои партиципираат односно целосно ги сносат трошоците на студирањето, Судот смета дека има законски основ за предвидувањето на вакви посебни квоти за запишување во оние одредби од Законот за насочено образование со кои е предвидена можноста високообразовните институции и граѓаните да влегуваат во непосредни односи заради задоволување на личните потреби и интереси во областа на образованието. Понатаму, Судот смета дека со предвидувањето на овие посебни квоти не е повредното уставното начело на еднаквост, односно правото на образование под еднакви услови, затоа што запишувањето со партиципација и запишувањето на оние што завршиле средно училиште во странство се однесува на сите грагани државјани на Република Македонија без оглед на нивните индивидуални својства што со Уставот се забранети како основ за дискриминација (пол, раса, вера, национална припадност, општествена или имотна положба на граганите) како и затоа што со нивното запишување не се менува бројот на студенти во општата квота, не се менуваат условите за нивното запишување и студирање, ниту пак се намалуваат средствата наменети за финансирање на нивното студирање.
Од наведените причини, Судот оцени дека отпаднале основите за натамошното водење на постапката и одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.206/93