173/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 1 февруари 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката бр.23-53601 за определување локација за изградба на бензинска пумпа покрај магистралниот пат М-26 делница Скопје-Тетово, донесена од Владата на Република Македонија.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Хаки Муртезани од село Бојане – Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот озна чен во точката 1 од ова решение, затоа што просторот во кој се предвидувало изградба на бензинска пумпа со урбанистичкиот план на Општината, бил предвиден како туристичко рекреативна зона и зона за производство на здрава храна и дека тој простор се наогал во заштитната зона на изворот Рашче, определен со Одлука на Собранието на Република Македонија од 1990 година, што не било во согласност со закон.
3. На седницата Судот утврди дека оспорената одлука е донесена врз основа на член 54 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање и со неа се определува локација за изградба на бензинска пумпа покрај магистралниот пат М-26 делница Скопје-Тетово, стационирана на 15 километри десно на КП.бр.284 КО “Семениште” во МЗ “Бош Џаде” на подрачјето на Општина Карпош-Скопје чии инвеститор ке биде Рома Назифе од село Семениште-Скопско и се определува земјиштето што му припага на објектот за неговата редовна употреба.

Составен дел на Одлуката е графичкиот прилог, кој не се објавува, а се наога во Министерството за урбанизам, градежништво, сообракај и екологија.
Исто така, Судот утврди дека за просторот опфатен со Одлуката за изградба на бензинската пумпа нема донесено ниту основен ниту детален урбанистички план, дека со Просторниот план на град Скопје на конкретниот локалитет не е предвидена никаква содржина за изградба на определен објект и дека од надлежните министерства се добиени потребните согласности за издавање одобрение за локација. Со писмо бр.12-373/2 од 23 јануари 1995 година од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Републичка управа за водостопанство, Судот е известен дека предложената локација се наога надвор од III -та заштитна зона и тоа на околу 600-700 метри.

4. Според член 54 став 1 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85, 19/89 и 38/90) за населени места и надвор од нив за кои не е донесен просторен или урбанистички план или донесениот план не содржи елементи за утврдување услови за градба, локација за изградба на јавни, општествени односно стопански објекти може да се издаде врз основа на посебен акт на Владата на Република Македонија односно општ акт на Собранието на општината за објекти од општиснко значење, а според став 2 на овој член општиот акт од став 1 на овој член се донесува по претходно издадена согласност од Републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот и земјоделството.
Согласно член 64 од Законот за водите (“Службен весник на СРМ” бр.6/81), квалитетот и штедроста на водата од изворите што се наменети да се користат за водоснабдување на населението и за производство и преработка на прехранбени производи се заштитуваат со воспоставување и одржување на една потесна или повеке проширени заштитни зони како и со определување услови под кои може да се врши обработка на земјиштето, изградба и користење објекти и вршење на други дејности во заштитните зони што можат неповолно да влијаат врз квалитетот и штедроста на водата во изворите.

Како потесна заштитна зона, согласно став 2 на овој член од Законот, се смета непосредниот простор околу изворот или местото за зафакање на вода за пиење, за водоснабдување на населби и за производство и преработка на прехранбени производи во граници што се определуваат во зависност од штедроста и значење на изворот, конфигурацијата, видот и составот на земјиштето, близината на населени места и др. Како поширока заштитна зона согласно став 3 од овој член, се смета поширокиот простор околу изворот, во кој обработката на земјиштето, изградбата и користењето на објекти и вршење на други дејства можат негативно да влијаат врз квалитетот и штетноста на водата во изворот, во границите што се определуваат во зависност од големината и значењето на изворот, хидроеклошката состојба, потеклото на водите на изворите и др.
Согласно член 65 од Законот, заштитните зони на изворите и условите за обработка на земјиштето, за изградба и користење на објекти и за вршење други дејства ги утврдува собранието на општината на чие подрачје се наогаат изворите односн о заштитните зони, или собранието на општините ако изворите припагаат на повеке општини, или, пак, Собранието на Република Македонија, доколку во рок од две години собранијата на општините не се спогодат за заштитните зони.

Во потесната заштитна зона, според член 65 од Законот, се забранува да се градат објекти и да се вршат било какви дејства освен зафатни објекти, резервоари, пумпни станици, трафостаници, внатрешни патишта и други објекти потребни за водоснабдување и дејствијата потребни за функционирање на тие работи. Согласно член 67, пак, од Законот во пошироките заштитни зони на изворите се забранува обработка на земјиштето, изградба и користење на објекти и вршење дејствија спротивни на пропишаните услови.
Заштитните зони и мерките за заштита на изворот Рашче се определени со Одлуката на Собранието на Република Македонија бр.08-3550/1 од 26 октомври 1990 година. Според оваа одлука, околу изворот Рашче се определуваат границите на просторот на потесната заштитна зона или зона на строг санитарен надзор, како и за границите на трите пошироки заштитни зони и тоа прва зона или зона на санитарно ограничување, втора – зона на хигиенско-епидемиолошко ограничување и зона на хигиена – епидемиолошко следење и набљудување. Во означените зони според одлуката таксативно е наброено што се се забранува во поодделна зона како и условите и мерките за заштита за она што е допуштено да се гради во заштитните зони.

Од изнесените законски одредби произлегува дека за места за кои не е донесен просторен или урбанистички план, Владата може да донесе одлука за утврдување локација за градба на јавни општествени или стопански објекти.
Исто така, од изнесените одредби произлегува дека на просторите каде што се определени заштитни зони заради заштита на водата од изворите за водоснабдување на населението, изречно се забранува обработка на земјиштето, изградба и користење на објекти или вршење на определени дејствија спротивни на пропишаните услови.

Со оглед на тоа што со оспорената одлука се определува локација за изградба на бензинска пумпа за простор за кој не е донесен ниту основен ниту детален урбанистички план и не се определени никакви содржини за градба, како и со оглед на тоа што локацијата за изградба на бензинската пумпа е надвор од заштитните зони на изворот Рашче, Судотоцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одлука со наведените законски одредби.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.173/94