109/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Маке-донија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92),на седницата одржана на 1 февруари 1995 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1.СЕ УКИНУВА Заклучокот за прифакање на информацијата за трошоци и проблеми во врска со градското осветление во Општина Битола (“Службен гласник на Општина Битола” бр.7/92).
2. Оваа одлука ке се објави во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по иницијативата на Вангел Неделковски и Луке Китановски од Битола,
поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на заклучокот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што со него Општината воведувала јавна давачка за подмирување на трошоците во врска со уличното осветление, поради што се постави прашањето за неговата согласност со Устав и со закон.
4. На седницата Судот утврди дека со оспорениот заклучок се предвидува зголемувањето на цената на уличното ос
ветлување, што го плакаат граганите, да се врши според покачувањето на цената на потрошената електрична енергија.
5. Според член 33 од Уставот, секој е должен да плака данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето
на јавните расходи утврдени со закон.Согласно член 68 став 1 алинеја 3 од Уставот, Собранието на Република Македонија ги утврдува јавните давачки, а според член 114 став 4 од Уставот, општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката. Според член 5 од Законот за буџетите (“Службен вес- ник на Република Македонија” бр.79/93), приходите на единици- те на локалната самоуправа се обезбедуваат од данокот на имот,данок на наследство и подарок, данок на промет на недвижнос- ти и права, од комунални такси, од дополнителни приходи од Буџетот на Републиката во согласност со посебен закон, од приходи од даноци примени од земјата и странство, од други приходи отстапени од буџетите на единиците на локалната само управа по разни основи во согласност со закон, како и од при ходите по основ на земаше на заеми од Буџетот на Републиката со кои се финансира буџетскиот дефицит.Од изнесените уставни и законски одредби произле-гува дека општината не е овластена да воведува даноци и други јавни давачки за финансирање на јавните потреби, ниту да ја определува нивната висина.Со оглед на тоа што со оспорениот заклучок се вове- дува плакање на наменски денар за покривање на трошците во врска со уличното осветление и висината на оваа давачка се усоловува со покачувањето на цената на електричната енергија, Судот оцени дека општината со донесувањето на овој заклучок излегува надвор од доменот на своите уставни и законски ов-ластувања, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претсе-дателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.109/93
1 Февруари 1995 година
С к о п ј е